(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Од:

Поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ, на својот Фејсбук профил објави видео проследено со коментар за сообраќајниот хаос во населбата Капиштец. Богдановиќ вели дека видеото е снимено во 7.52 часот на улицата „Васил Ѓоргов“. Од тоа што може да се види на снимката, очигледна е големата колона на возила во правец од Капиштец кон Центар. Богдановиќ вели дека тоа е последица на последните четири години во кои Центар издал на 400 одобренија за градба, а улиците останале исти.

Во описот на видeото Богдановиќ вели:

„Кога се ревидираа плановите се дисциплираа градбите и во најголем дел во соработка со граѓаните се усогласувавме каде има простор да се гради, а каде не се со цел подобрување на условите за живот на секој центарец. За четири години се кажува дека се издадени (податок од дебатите за локални избори) скоро до 400 одобренија (не се сите за згради има и за реконструкции, кровови итн) но, факт е дека има над 150 активни градилишта. Многу одобренија се издадени за кратко време, а притоа се сменети само три плана и никаде не се сменила инфраструктурата. Ревидирањето на плановите (вкупно девет се ревидираа) донесе да се намалат скоро 14.000 м2 за градба и да многу објекти кои беа на државно земјиште да се пренаменат во: градинка (како градинката во Пролет) паркови и игралишта (како паркот за велосипеди пред Олимписки базен) да се прошират зелени површини и површини за игралишта школи и градинки. Денес го имаме ова. Луѓе доцнат на работа, ученици доцнат на училиште а децата доцна се носат во градинки“.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти