(ВИДЕО) Богдановиќ: Ново ЛЕД осветлување за пониски сметки и почиста средина

Од:

Кандидатот на СДСМ за градоначалик на општина Центар Саша Богдановиќ најави реконструкција на осветлувањето, нови ЛЕД штедливи светилки и зголемување на безбедноста.

„Неосветлените улици, старите бандери и лошото осветлување не смеат да бидат сликата за општина Центар.Затоа ќе ја реконструираме елекричната мрежа .Старата и дотраена инсталација ќе биде заменета со нова, каблите ќе бидат спуштени во земја.

Во Општина Центар има 5.000 канделабри за улично осветлување. Gодишно се троши 35 милиони денари за струја само за осветлување.При секоја обнова на улиците ќе се врши за замена на старите уреди и светилки со ЛЕД паметни светилки со што годишно се штеди 75-83%, или заштеда од 28 милиони денари, кои ќе се пренаменат за проекти во интерес на граѓаните, за она што е најнеопходно, за зеленило, урбана опрема, но и за реконструкција н старите и дотраени кровови и лифтови.

Ќе работиме за поздрав, почист и посовремен Центар Oва е само почеток на инплементација на посеопфатен и сериозен проект за подобрување на квалитетот и условите за Живот на граѓаните во општина Центар“, изјави Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори