ВИДЕО: Богдановиќ ја претстави програмата пред жителите на Пролет

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар на СДСМ и Коалицијата, Саша Богдановиќ, вечерва им ја претстави својата програма за работа на жителите на населбата Пролет. На средбата со нив истакна дека во неа има голем број локални проекти, кои се однесуваат само на одредени маала, одредени улици или реони, но има и проекти кои се од интерес на сите граѓани кои живеат во општината.

„Ќе ја отвориме општината за граѓаните. Сите вие активно ќе учествувате во креирањето на политиките, сите заедно ќе одлучуваме кои се приоритетните проекти. Целта е јасна – Центар да стане модерна, зелена, чиста општина со која ќе се гордее секој центарец. Нашата програма е одраз на вистинските потреби на граѓаните, во неа има проблеми, но и решенија за тие проблеми“ – рече Богдановиќ пред присутните граѓани.

Богдановиќ порача дека ќе се заложи за побогат културен и спортски живот во Центар и стимулирање на најмладите да ги покажат своите таленти и можности. Дел од проектите што ги спомена во оваа насока се отворање ново кино од отворен тип во Центар и изградба на новата спортска сала „Работнички“, која освен сала за кошаркарскиот клуб, ќе има и содржини достапни за сите жители на општината.

Кандидатот за градоначалник говореше и за социјалните аспекти на својата програма.

„ Во нашата програма има еден дел што се вика „Нула глад во општина Центар“. Предвидуваме отворање Банка за храна во која ќе можат да донираат ресторани, производители и дистрибутери на храна и секој кој има желба да помогне. Ќе поставиме и специјализирани контејнери за собирање облека за социјално загрозените категории. Македонија е социјална држава и мора да мислиме на нашите соседи со кои судбината си поиграла“ – рече Богдановиќ.

На жителите во населбата Пролет им вети реновирање на детското игралиште на улицата Страшо Пинџур, обнова на тротоарите, уредување на повеќе локации со клупи, корпи и чешми, како и поставување канделабри онаму каде што нема.

Би можело да ве интересира

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Илиевски: Во Брвеница во четиригодишниот мандат ставивме акцент на младите, реконструиравме училишта, градевме спортски сали, игралишта

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ