(ВИДЕО) Богдановиќ: Грижата за возрасните лица е еден од моите врвни приоритети

Од:

„Немојте да не заборавите“,ова повозрасните лица од општина Центар го барале од кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Бидејќи има стари лица за кои никој не се грижи, на некои им треба нега но и убав збор, Богдановиќ на денешната средба со Здружението за поддршка и развој „Хуманост“, посочи дека грижата за повозрасните сограѓани е еден од неговите врвни приоритети.

„Во општина Центар 20 проценти од населението се повозрасни лица. Грижата за нив е еден од моите врвни приоритети. Затоа ја продолжувам, но и проширувам грижата за овие наши сограѓани. Во моментов стотина лица на возраст над 65 години добиваат нега во домашни услови, субвенционирана од општина. Во иднина сите лица кои ги сполнуваат условите ќе добиваат ваква нега и помош. Сакам да објавам дека ќе воведам и дежурни телефони за итни потреби на возрасните лица и нивните семејства. Уште еднаш сакам да ја истакнам мојата заложба и заложбата на мојот тим и на општината за секојдневна и целосна грижа за нашите повозрасни“, изјави Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он