(ВИДЕО) Бочварски: Преполовен е бројот на патници во возовите, а власта уште укинува возови!

Од:

Бројот на патници кои се возат со воз е намален за неверојатни 50 проценти! Превозот на стока со воз е намален за над 50 проценти! Погледнете го на графиконот тој вртоглав пад на превозот на патници и стока. 1.500.000 патници се превезувале со воз до 2008 година. Бројката е преполовена на 800.000 патници, рече Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

3.800.000 тони стока се транспортирале со воз до 2006. Бројката е повеќе од преполовена, на 1.500.000 тони.

Ова се фактите за неодговорните политики на власта на Груевски на штета на граѓаните и на бизнисите.

Логично е граѓаните да не се возат со воз кога јавното претпријатие Македонски желензици – Транспорт управувано од кадри на актуелната власт укинува патнички возови.

Последно, укинати се возовите на релација Скопје-Кичево-Скопје, Скопје-Кочани-Скопје и Скопје-Гевгелија-Скопје, само три месеци од помпезната најава во јуни за нивно пуштање во сообраќај. Ова редуцирање на возови кон повеќе градови низ земјава следува после историското укинување редовни меѓународни линии, за прв пат по 143 години.

Ние, по декември ќе се насочиме кон модернизација на железничката инфраструктура и обнова на возниот парк за да обезбедиме активен железнички сообракај со што ќе им овозможиме на граѓаните и на бизнис секторот пак да го користат возот како брзо   превозно средство по пристојни цени.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски