(ВИДЕО) Блажевски: Од општина Демир Хисар да направиме место на потекло и место на живеење и работење на успешни, задоволни и горди луѓе

Од:

„Заедно со Вас, граѓаните на Општина Демир Хисар изодевме многу важна етапа од долгиот и макотрпен пат кон создавањето успешна, просперитетна и развиена општина. На тој пат нè следеа бројни неизвесности и предизвици, но и непоправливи желба, ентузијазам и пожртвувана посветеност да ги промениме и подобриме „нештата“.

Сега и повторно заедно со Вас, сме пред нов предизвик и како преку него, да го одржиме започнатиот òд во вистинскиот правец на напредок на нашата општина.

Во стратегиските планирања коишто претставуваат многу важен процес или насока на дејствување на општината, визијата е многу важна компонента.

Успеавме да ги задвижиме работите, имаме долгорочен поглед концентриран на иднината на Демир Хисар. Без оглед на бројноста и насушноста на вашите потреби.

Демир Хисар нѝ останува движечка и непресушна инспирација.

Како што покажавме дека исполнителноста, трудољубивоста и посветеноста се најголемиот гарант за остварување на заедничките обврски пред вас, така треба да се верува дека повторно ќе ја оправдаме Вашата доверба со реализација на планираните нови проекти што произлегуваат од вашите животни потреби и секојдневија.

Еден политички зрел народ како што сте Вие граѓаните на Општина Демир Хисар, знае што се избори. Изборите се одржуваат за нешто да се промени, луѓето да добиваат подобри услови за живеење, да се подобри животот – нешто да се промени во народот, да се случуваат реформи.

Затоа, јас и мојот тим имаме концепти и предлози, но и проверени и потврдени знаења и искуство, како сето тоа да го направиме.

Новата програма за Демир Хисар што треба да ги детерминира најважните развојни правци, на сите нивоа и во сите области е срочена и положена на реални шанси целосно да се реализира.

Каде ќе биде фокусирано вниманието за идниот четиригодишен развој на Општина Демир Хисар, најилустртивно говорат 115-те нови проекти во програмата која што со вашата силно очекувана и безрезервна поддршка реално ќе ја оствариме во следните 4 години. Еве само неколку поважни:

1.Ќе изградиме колекторски систем за отпадните води од Демир Хисар, Суводол, Кутретино, Слепче и Белче;

2.Ќе изградиме пречистителна станица за градот Демир Хисар и населените места Суводол, Кутретино, Слепче и Белче;

3.Ќе изградиме нов модерен локален пат во должина од 2 километри до манастирот Св. Тома;

4.Во градот Демир Хисар ќе изградиме нови паркиралишта;

5.Ќе го доизградиме, поточно ќе го прошириме проектот Гратско шеталиште и ќе поставиме ново енергетски ефикасно канделабриско улично осветление и урбана опрема;

6.Ќе изградиме ново кошаркарско игралиште (street basket);

7.Со нашите партнери и пријатели од сестринската општина Балчова, Измор, Република Турција, ќе изградиме фитнес парк на отворено;

8.Во Сопотница, едно од најголемите населени места во општината, за младите спортисти и рекреативци, ќе изградиме повеќенаменско спортско игралиште;

9.За Белче и Единаковци ќе решиме еден многу сериозен проблем со отпадните води: Ќе изградиме канализациони системи, а фекалната канализација во Белче ќе ја поврземе на колекторксиот систем и пречистителната станица;

10.Реконструкции и рехабилитации на улици и локални патишта во должина од 10 километри, како во градот Демир Хисар, така и во неколку други населени места.

Нашата нова визија е положена на нашите заеднички напори и стремежи, од градот Демир Хисар да направиме модерно европско урбано живеалиште, а од општината Демир Хисар да направиме место на потекло и место на живеење и работење на успешни, задоволни и горди луѓе“, изјави Љупчо Блажевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ