Со мнозинство гласови Советот на општина Охрид го изгласа Заклучокот за неприфаќање на Нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Македонија за периодот 2017-2027 година и националниот акционен план произлезен од стратегијата, а донесен од страна на владата.
Советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески, побара да расправа статутарно правната комисија и посочи дека проширувањето на дневниот ред со ваква точка ги надминува ингеренциите на Советот. Предлогот беше прифатен и комисијата со три гласа “За” даде насока на советниците дека ставањето на ваква точка на дневен ред е надвор од Статутот.
“ Врв на лицемерие е, почитувани колеги да барате да расправаме за нешто што не е во наша надлежност. Вие од ДПМНЕ никако да сфати дека граѓаните и јавноста знаат дека манипулирате. Доста со лажен морал и хипоктизија. Ако пак сакате да зборуваме за ова тогаш каде бевте кога од оваа земја додека бевте на власт се иселија околу 600.000 граѓани. Големите патриоти.Срамота е да зборувате за предлози за нивно враќање. Не си ги знаете ингеренциите. Не сакам да бидам ироничен, но вие немате морално право да зборувате сега, кога цели четири години освен физичката активност “кревање рака” не се имате јавено за дискусија. Колеги, не ја замајувајте јавноста, Никола и Фамилијата треба да одат во затвор.”, изјави Блажески.
Дискусијата кулминираше кога координаторот на СДСМ ги нарече советниците од ДПМНЕ арамбаши. Претседателот на советот побара извинување од координаторот Стојаноски.
“Оваа нацрт стратегија е продолжение на нацрт стратегијата која владата на ВМРО ДПМНЕ ја донесе за периодот 2009-2015 година. Каде бевте тогаш како советничка група да го поставите истото прашање за таа стратегија’, рече советникот Јоне Станкоски.
Советниците од позицијата во Советот, по чие барање предлог одлуката за заклучокот беше додадена како точка на дневен ред, побараа владата да ја повлече предложената нацрт стратегија во македонското собрание