(ВИДЕО) Блажески: Вие бирате дали ќе бидете Амди, Ермира или Лиле, дали лав или зајак

Од:

На вчерашниот протест на опозицијата во Охрид на кој присуствуваа околу петстоини граѓани на присутните им се обрати претседателот на ЛДП Дејан Блажески кој метафорички им порача на граѓаните дека сами треба да изберат дали во овие судбоносни денови ќе бидат Ермира Мехмети или Амди Бајрам и Лилјана Попоска.

Нашето сценарио, рече, е за демократија а нивното за диктатура.

На присутните им се обрати и професорката Жаклина Левеска која ја праша министерката Гордана Јанкулоска кога мисли да им се извини на тепаните пратеници за насилието кое го спровела кон нив и кон секој 10 илјади граѓани кои гласале за еден пратеник да ги претставува, а кои со ова тепање на нивните израници исто така треба да добијат извинување.

Пензионерот Ставре Маленко го повика пермиерот Никола Груевски да си оди од власт бидејќи од неговата преродба настанала економска катастрофа.

Пред присутните зборуваше и претседателот на Синдикатот на ЕМО Драган Молкоски кој рече дека информациите кои се праќаат во медиумите за продажба на ЕМО се голема лага бидејќи ЕМО нема што да продаде затоа што се е под хипотека, и запраша кому му требаат да ги купи трите букви Е М и О.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски