(ВИДЕО) Блажески: Охрид е жртва на централната власт, буџетот не е список на желби

Од:

Бурната расправа на охридските советници околу програмите и Буџетот за 2017 година. На седница беа донесени и буџетот на единицата на локалната самоуправа Охрид за 2017 година, беше утврдена вредноста на бодот на платите на државните службеници за 2017 година и одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2017 година.

Советникот Дејан Блажески упати остри критики поради однесувањето на членови од советничкото монозинство на ВМРО-ДПМНЕ, за кои како што рече дека не смее да се однесува како да имаат иста одговорност со опозицијата.

Тој, запраша и дали се свесни дека записниците паметат како гласале и колкаво е лицемерие тоа што поединци држат говори како потенцијални кандидати за локалните избори, изигрувајќи големи екологисти и игнорирајќи ги бројките, сосема несвесни дека општина Охрид е пред стечај.

„Редно е четири години да го слушнеме вашиот став на говорница. Ова е последна година од нашиот мандат. Колеги ништо не направивме.

Охрид веќе десет години е жртва на централната власт. Буџетот не е список на желби. Во Буџетот пресудни се бројките. Ќе побарам да ги извадат сите записници и да погледнеме како сте гласале. Со ваква состојба во приходната страна, која ја сочинуваат педесет процетни дотации и педесет проценти даноци, илузорно е да зборувате за повисоки цели. Работи кои треба да се подразбираат, вие ги нарекувате реализација”, рече Блажески.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид