(ВИДЕО) Блажески: Наместо марина градите кафеана за бизнис-апетитите на власта

Од:

Со 12 гласа за и 9 против Советот на општина Охрид ја изгласа предлог одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба и управување на малото пристаниште преку изградба на марина и туристичко угостителски објект.

Против гласаа сите советниците од опозицијата и двајца советници од ВМРО- ДПМНЕ, а останатите присутни дадоа зелено светло за предлог одлуката.

Советникот Дејан Блажески, во својот настап повика на разумност и на општествена одговорност, велејќи дека денес со гласот во Советот се дава на приватен сопственик, на дваесет години да стопанисува со најатрактивниот дел од охридското крајбрежје и се дозволува да се гради во самото езеро.

„Не ја дефокусирајте јавноста со тоа дека градите мала марина. Место партерно уредување и градење на објект од јавен интерес, почитувани колеги, денес вие градите кафеана со копнен и воден пристап. Реконструкцијата на ова пристаниште чини околу милион евра и е само смешен процент од проектот Скопје 2014. Но, Вас и на Премиерот во заминување ви требаа охриѓани само тогаш кога има избори, кога ги лажете дека Владата ќе инвестира во Охрид. Изградбата на ваков објект преку подигање “марина” се иницира за да се задоволат одредени бизнис-апетити на структури од владејачката партија.Може да ја викате како сакате, но, бидете свесни дека таму има историја, дека ќе се наруши еко- системот на езерото. Студии од светски научници и дипломатски претставништва веќе реагираат за состојбите. Во Советот, почитувани колеги, ни беше презентирана физибилити студија за економската оправданост на кафеана а не за физибилити студија за мала марина. Мојот дом можам да го крстам палатата на Луј 14, но реалноста е дека тој е обична куќа на ул.Деајн Војвода, во населба која имаше проблем со поплавите, населба која не ја посетивте“, рече Блажески.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство