(ВИДЕО) Битола: Политичката криза во Македонија се продлабочува поради тоталитарниот режим на власта

Од:

Трет ден во Битола се одржува Граѓанскиот парламент.

„Доколку луѓето кои ја водат уредувачката политика во водечките национални телевизии и МРТ се вистински професионалци врз кои политичките притисоци од владејачката партија не допираат, телевизиските вести, деновиве би требало вака да почнуваат:

Почитувани гледачи, Политичката криза во Македонија се продлабочува поради тоталитарниот режим на власта.
Нашата телевизија бара од Трајко Вељановски и премиерот Груевски, јавно да се извинат поради тоа што новинарите беа избркани од своите работни места во собранието на Република Македонија.

Во спротивно ние ќе ја бојкотираме работата на владата и парламентарното мнозинство.
Дополнително, Нашата телевизија истражува кои беа луѓето што ги клоцаа и влечкаа пратениците и новинарите во собранието? Дали тоа беше собраниското обезбедување, – како што им пишуваше на беџовите, или беа платеници на владејачката партија.

Но вакви вести, почитувани сограѓани можат да направат и објават медиуми и новинари, врз кои нема никаков политички притисок, кои се независни и се вистински професионалци.
Челичната лејди, Маргарет Тачер, еднаш се обиде да го смени главниот и одговорен уредник на Би Би Си. Но иако тогаш таа беше една од најмоќните политички фигури во светот, не успеа – бидејќи таквиот обид во Англија, на нозе ги крена новинарите, интелектуалците, политичарите, експертите, студентите.

Дури и една Тачер, потклекна пред притисокот на демократската јавност.
На моќниот претседател на Америка, Ричард Никсон – новинари му ја открија аферата Вотергејт. Никсон достоинствено си замина од претседател, а на новинарите, не само што не им фалеше влакно од главата, туку беа и наградени.

Ете така е тоа во демократскиот свет.

А недај Боже во Македонија новинари да го обелоденат криминалот на владејачата партија – повеќе од сигурно е дека ќе останат без работа, а нема да не зачуди ако бидат и ликвидирани.

Тоа е веќе видената формула со која владее овој режим,: уцени, заплашувања, закани, а после 24-ти декември, терор и беззаконие.

Ете вака почитувани гледачи би требало да звучат реалните ТВ во нашата земја“, рече Мирјана Костадиновска, секретар ЛК СДММ Битола.

„Од ден во ден Македонија се повеќе тони во балканската кал. А после теророт, насилството и тепањето што се случи на 24-ти декември во собранието, – по наредба на власта, – повеќе од јасно е дека во Македонија не важат ниту Уставот, ниту законите, ниту правната држава, а најмалку демократијата. Покрај сите други граѓани, од ваквиот тоталитарен режим, најдебелиот крај ќе го извлечеме ние младите.

Излез и спас од овој ќорсокак, во кој Грујо и фамилијата ја водат Македонија, – моите врсници гледаат во заминување од својата родна земја и бегство во странство.
Тие искрено зборуваат дека овде нема перспектива, дека Македонија е отфрлена и изолирана од сите, дека за нив овде нема иднина.

И знаете како тоа го говорат? – со шепотење, оти се плашат од овој режим.
Не смееме да дозволиме оваа апатија да продолжи и не смееме немо да гледаме како Грујо и фамилијата ја уништуваат и сиромашат Македонија.

Затоа, почитувани граѓани, професори и интелектуалци, но посебно вие млади студенти, разгорете ја таа младешка сила во вас, изборете се за поубава и демократска Македонија.
Затоа што таа ни е една и единствена и несмееме да дозволиме некој да ни ја уништи“, вели Методија Илиевски, претседател на ЛК СДММ Битола.

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он