(ВИДЕО) Бесими: Отворено зборувам и во Брисел и во Скопје затоа што чувствувам одговорност

Од:

Чувствувам одговорност и затоа отворено зборувам и во Брисел и во Скопје за тоа дека не се исполнети некои од декемвриските заклучоци на Европската комисија, поради што и Македонија повторно не доби датум за почеток на преговорите. Тоа пред сè е проблемот со името, добрососедските односи, политичкиот дијалог и уште некои реформи.

Ова во интервју за Радио Слободна Европа го истакнува вицепремиерот за евро-интеграции Фатмир Бесими.

За изјавата на Ричард Ховит дека Македонија може да го загуби кандидатскиот статус, Бесими вели дека Македонија треба да е сериозно ангажирана на реформите.

Ова, вели, е тема на која треба да работиме, особено на прашањето на името, кое не е ексклузивно ниту на власта ниту на опозицијата, ниту на една етничка заедница, туку проблем кој бара консензуален пристап.

„Според мене последниот предлог на Нимиц е добра основа за продложување со преговорите и со една временска рамка и подигање на политичкото ниво во преговорите, може да се напредува. И Грција треба да е про-активна, треба поголема ангажираност од двете страни, особено од Грција“, смета Бесими.

Ние сме коалициони партнери со ВМРО-ДПМНЕ и комуницираме, вака вицепремиерот ги коментира односите со ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија