(ВИДЕО) БЕСА: Државниот врв со хистерија реагираше на посетата на Курти, го пречекавме со сите државни знамиња

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти беше пречекан со сите државни знамиња, државниот врв реагираше хистерично и со национализам оцени денеска потпреседателот на БЕСА Блерим Сејдиум во оценка за случувањата за време и по посетата на Чаир, а особено на Тетово.

Тој вели дека организаторот на може да преземе одговорност за знамето на Голема Албанија кое се вееше на собирот, но не одговри дали за Беса е прифатливо веењето ова знаме.

– Посетата на косовскиот премиер го откри национализмот кој се крие во највисоките македонски државни раководители, кои, за жал, сѐ уште го кријат овој национализам со демократски јазик. Владата на Македонија се плаши дека мобилизацијата на албанизмот, ќе ги отповика шаблоните на политичка соработка со скриена комунистичка идеологија помеѓу Скопје и официјален Белград – изјави Сејдиу.

Знамето на Гоелма Албанија кое се поајви на собирот во чест на Курти предизвика најжестоки реакции во земјава. Претседателот Педнаровски побара одговорност од организаторите, МВР трага по тој што го веел знамето додека дел од албанските паритии обвинуваат за албанофобија и спрега Скопје-Белград со идентични реакции. Власта беше обвинета за страв од изборен пораз и за страв од зајакнување на албанскиот блок.

Градоначалникот на Тетово и лидер на Беса, билал Касами му беше домаќин на Албин Курти.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово