(ВИДЕО) Беса Арифи: Одлуката на Врховниот суд е спорна

Од:

Професорката по кривично право од Универзитетот на Југоисточна Европа, Беса Арифи, смета дека одлуката на Кривичниот совет на Врховниот суд со која се укинува притворот на бизнисменот Сеад Кочан е спорна по неколку основи, изјави таа во интервју за Макфакс.

Не само поради тоа што е поднесена од неовластен предлагач на барањето за заштита на законитоста (државниот јавен обвинител Марко Зврлевски) туку и поради начинот на кој е донесена – по неколку смени на судии во Кривичниот совет и со тесно мнозинство во гласањето три наспроти два, смета професорката.

Според професорката Беса, во судската пракса не може да се најде пример кога државен јавен обвинител бара укинување притвор за лице кое повеќе од два месеца е во бегство.Таа смета дека не држат ниту аргументите дека СЈО не поднело доволно докази за постоење кривично дело бидејќи во друга одлука, Судот веќе прифатил да се замрзне имотот на Кочан.

Одлуката на Врховниот суд, за неа, има уште потешко дејство од помилувањата на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, бидејќи се прави преседан кој во иднина може да ја блокира работата на СЈО во други предмети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кирацовски на средба со Арифи: Тетово дава позитивен пример во процесот на градење едно општество за сите

Наум Локоски

(Видео) Заев во Тетово: Барам поддршка за Теута Арифи, заедно ги трасираме патиштата на модерна Македонија

Наум Локоски

Арифи: Јазикот не беше проблем за непостигнување договор со ВМРО, проблем беа реформите во правосудството

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арифи по средбата: Имавме конструктивни разговори, последниот збор го има претседателството

А1он