ВИДЕО: Берово со најниска стапка на криминал во Македонија

Од:

Изнаоѓање на одредени сообраќајни решенија за непречено користење на улиците во Берово, со цел да се излезе во пресрет на граѓаните беше главната тема на разговор на денешниот работен состанок кој министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го имаше со градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски и претседателот на Советот Јован Матеничарски.

Спасовски рече, дека Берово е град со мирна и стабилна безбедоносна состојба, стапката на криминалитет е во опаѓање, има зголемување на ефикасноста на полицијата и тоа треба да продолжи како тренд понатаму се со цел граѓаните да бидат сигурни и безбедни.

– Концептот е низ заеднички разговори со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи и граѓаните, посебно за важни прашања во делот на сообраќајот, граѓаните на општина Берово да ја прифатат пораката за градење на врската меѓу заедницата и македонската полиција, затоа што работејќи заеднички со граѓаните се гарантира поголема безбедност и на Берово и на Република Македонија, порача министерот Спасовски.

Според градоначалникот Пекевски, благодарение на професионалното работење на полицијата во Берово, градот е меѓу градовите во Македонија со најниска стапка на било каков вид криминал.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена