(ВИДЕО) Бергман: Германскиот парламент ќе дадеше оставка ако исфрлеа новинари

Од:

Тема на панел дискусијата „Развој на функционална демократија како основа за интереграција во ЕУ“, која се одржа денеска во организација на Институтот „Фридрих Еберт“ и Институтот за социјална демократија „Прогрес“ беше и состојбата во медиумите и исфрлањето на новинарите од собраниската галерија на 24. декември.

„Ако ова се случеше во Германија, тој Парламент ќе дадеше оставка. Ова е слика на криза во Владата“, рече Ралф Бергман, пратеник на Собранието во Саксонија, Германија.

„Владата мора да комуницира со медиумите, порано или подоцна тоа мора да се случи во една демократска држава“, укажа Ан Линде, секретар за меѓународна соработка на Социјалдемократена од Шведска.

Владата, рече, треба по исфрлувањето на медиумите, да ги повика медиумите на разговор.

„Јавниот дифузер МРТВ има сличност со проектот на Орбан, но за среќа на Унгарците дел од тој закон беше сменет, за жал на македонските граѓани состојабата на МРТВ, како сервис платен од граѓаните, во континуитет се влошува“, рече Игор Ивановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски