(ВИДЕО) Бендевска: Очекував се од оваа власт, но не и гол фашизам

Од:

Весна Бендевска, една од повредените пратенички, во интервју за А1он, вели дека ни една борба не е залудна.

Во црниот понеделник, вели, некој направи убиство од прв степен.

Очекувала се од власта, но не и дека ќе се соочи со гол фашизам. Обезбедувањето, опишува, ја катапултирало.

За однесувањето на Лилјана Поповска и сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои мирно гледале како ги тепаат, влечат и исфрлаат, не сака да коментира. За мене вели, тоа се мртви души и уништувачи на македонската демократија

„Вељаноски е мало партиско војниче кое ќе влезе на црните анали на историјата. Отпор кон власта е борба за Македонија. СДСМ ќе го води народот кој сака да си ја врати изгубената земја. Македонија има сила“, вели Бендевска.

Интервјуто со Весна Бендевска можете да го проследите утре на А1он.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите