(ВИДЕО) Бендевска: Нови дефекти во РЕК Битола

Од:

Додека цело внимание на јавноста е фокусирано кон изборите, во РЕК Битола се интензивира стратешкото пропаѓање на овој стожер на енергетскиот систем на РМ, рече Весна Бендевска.

Дали се работи за смислена стратегија на Груевски – да се уништат нашите производствени капацитети за сметка на слободен увоз на струја по цена 2 до 3 пати повисока од домашната, прашува таа?!

Дозволете дилемите што ги отворив да ги поткрепам со случувањата во РЕК Битола.

1. На 21 фебруари имаше одрон на јагленовиот систем што го онеспособи багерот КАУ 300 на недела дена.

2. На 6 март, се случи дефект на новиот, се уште под гаранција, багер СРС 1050, и оттгаш е вон функција подинскиот-јаловински систем за откоп.

3. Од 10 јануари до денес, во континуитет не работи транспортниот систем за јаглен од Брод-Гнеотино, инвестиција вредна 20 милиони евра! Всушност, од моментот кога Груевски го пушти во употреба-јули 2012м системот бил во употреба само месец дена!!! Заради овие дефекти и хаварии, драстично е намален ископот на јаглен и во моментов, залихите на јаглен на депонија се околу 90 000 тони, количество доволно за само 6 дневна работа на блоковите!

4. Токму недостигот на јаглен е главна причина за исклучување од работа на 3-от блок на 28 фебруари. РЕК е оставен да работи со 2 блока, сон намален капацитет- да потенцирам, заради НЕДОСТИГ на јаглен.

5. И покрај овие услови- 3 и пол месеци континуирано се врши транспорт на јаглен од Брод-Гнеотино до Кичево-за потребите на ТЕ Осломеј! Секој ден, по 100 камиони од 30 тона или 3000 тони дневно! Само за транспорт до Кичево до сега се потрошени 5 милиони евра на приватни превозници!!!

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

ЕСМ: Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола, подготвен за работа е и Блок 1

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

Горан Наумовски

Николоски: Дали е случајно што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: За да крадат на ископ СДС и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017