(ВИДЕО) Бендевска: ЕЛЕМ манипулира со вистината за РЕК Битола

Од:

Вчерашната реакција на ЕЛЕМ беше чиста манипулација на јавноста и лош обид да се сокрие вистината пред јавноста во пресрет на изборниот ден, изјави пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска.

Таа презентираше документи според кои директорот на „Рудници“, Спиро Мавровски, официјално признал дека имаа акутен недостиг на јаглен за нормално работење.

Бендевска на денешната прес-конференција праша како е можно, после 101 милион евра инвестиции во РЕК Битола во последните неколку години, наместо подобрена, овој енергетски гигант да е пред колапс.

– На што се должат честите испади и кварови на трите блокови, по завршената ревитализација и модернизација-инвестиција на која се потрошени 56 милиони евра. Во овој момент, во првиот блок модернизираната турбина е во тежок дефект, а се уште се прават обиди да се стави во функција третиот блок што испадна вчера – изјави пратеничката на СДСМ.

Недомаќинско, нестручно и незаконско раководење со Комбинатот, вели Бендевска го уништува РЕК Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски