(ВИДЕО) Бејли: Ќе направиме се за да има фер и слободни избори

Од:

Лидерите денеска се договорија дека има услови за избори на 11 декември. Соединтетите Американски Држави и Европската Унија се горди дека можеа да им помогнат на лидерите за овој процес и веруваме дека ова може да биде значаен чекор за решавање на политичката криза во државата. Ќе направиме се што можеме во наредните недели и месеци за да бидеме сигурни дека ќе има кредибилни избори, што значи дека гласачите ќе можат слободно да ја искажат својата волја, рече амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Бејли повика сите медиуми да известуваат фер, со цел граѓаните да можат слободно да одлучат кој ќе ја води државата.

Сакам да кажам дека вечершната одлука на лидерите покажува политичка волја да ја придвижат државата напред, како и да ги осигураат граѓаните дека ќе имаат слободен избор во кредибилни избори. Секако, медиумите имаат многу важна улога да инфомираат балансирано и фер за кандидатите, со цел граѓаните да бидат најдобро информирани за нивниот избор, рече претставникот на ЕУ, Лукаш Холуб.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември