(ВИДЕО) Бабиќ: Стевананџија, зошто гласавте за амнестија на хашките случаи?

Од:

Познатиот прилепчанец и актер, Марин Бабиќ се обрати вечева на протестот во Прилеп.

„Господине, мислам дека презимето Ви е Стевананџија, го проследив вашиот прес и воопшто не сум изненаден од она што го кажавте. Повикувате Прилеп да се огради од некои обраќачи кои говорат за идиоти и за крв.Во еден од нив се препознав…и веднаш ќе ви кажам да не се обидувате да вадите од контекст зборови. Впрочем тоа е и вашиот стил. Не, не ве преценувам, мислев на ДПМНЕ. Убав прес, слаткоречив, арно ама сакам да ве прашам вам лично. Зошто бевте еден од оние пратеници кои гласаа за хашките случаи? Зошто господине Стевананџија? Зарем меѓу убиените десет прилепчани не познававте никого, па баш ви е гајле!!! Зошто глумите патриотизам, а од друга страна сте послушен војник на вашата партија?Ме обвинувате дека повикувам на крв, а зарем малку крв пролеавте во 2001 во фингираната, ушким, војна? Тогаш ја пролеавте крвта за какви цели господине Стевананџија? Ако во жарта на моето обраќање сум споменал, а знам што сум кажал, крв ја споменав во фунција на спас на Македонија, а не во ситни профитерски цели.
Немојте да ме поистоветувата со Вас, јас сум само обичен граѓанин, а не необичен како Вас кои без срам и перде го покажаа својот патриотизам и домољубие со давањето на гласот за амнестија.Го дадовте гласот и против интерпелацијата на владата, што ќе рече дека и Вие се поклонивте пред некои гробови. Подготвен сум да дебатирам со вас, се до изборите кога неопределените како мене ќе си го кажат своето. И престанете да ја извртувате вистината, гревота е и срамота“, рече Бабиќ.

Би можело да ве интересира

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа