ВИДЕО: Автопатите во Македонија завеани, директорот на „Македонијапат“ задоволен што патните правци се проодни

Од:

Автопатите во Македонија се завеани. Возачите од речиси сите патни правци низ Македонија се жалат на нерасчистени патишта и лизгави коловози поради што се формира колони возила. Директорот на јавното претпријатие, Гајур Кадриу, пак, вели дека е задоволен што сите патни правци успеале да овозможат да бидат проодни. За него е нормално при интензивни врнежи да има снег на патиштата.

„На терен се 80 отсто од нашата машинерија и луѓе, а 20 отсто се машинерија на трети лица. Задоволен сум од тоа како нашите екипи се справуваат со снежните наноси. Мора да имеме предвид дека постојано паѓа снег. Во вакви услови, да имаме и нови возила, нема да имаме чист пат. Нормално е да има отежнато движење, но нема застој. Ако нашите екипи не беа на терен, како што се вели, ќе имаше тотална блокада на магистралните патишта. Ноќеска беше до -11 степени, па солта тешко регира. Немаме евиденција колку сол е фрлена, но тоа го правиме во согласност со документите“, вели директорот на „Македонијапат“, Гајур Кадриу.

„Македонијапат“ има склучено договори со 3 фирми во вкупна вредност од 1,7 милион евра“, велат од Центарот за граѓански комуникации, кој направи анализа за начинот на кој се делеле парите за зимско одржување на патиштата. Три договори во вкупна вредност од 1,2 милион евра се склучени со фирмата „НБ-транс компани“ од Тетово, која е задолжена за извршување патни работи во зимски услови во подружниците „Автопат“, „Скопје“ и „Штип“. За извршување на работите на подружницата „Битола“ договорот е склучен со „Јоскатранс-трејд“, Демир Хисар, и тоа во вредност од 326 илјади евра, а за подружницата „Велес“ со ЈА-МИ, Велес, во вредност од 163 илјади евра, се вели во анализата.

„Македонијапат“, заедно со локалните власти, оваа година ќе потроши 5,5 милиони денари за чистење на снегот од патиштата. Чистењето на снегот е поскапо 300 илјади евра во споредба со ланската зимска сезона, а 400 илјади во споредба со сезоната 2015/2016 година.

Поради снежните врнежи, воведена е забрана за движење тешки товарни возила на патните правци Маврово-Дебар, Струга- граничен премин Ќафасан, како и на планинските премини Пресека, Стража и Ѓавато, информира АМСМ.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

МВР: Значително намалување на бројот на жртви во сообраќајот во 2022, нова кампања за безбедност на пешаците

Семафорите во центарот на Скопје утре нема да работат

А1он

Железарци ги засилуваат протестите до надлежните: Запрете го возачкото дивеење на „Коце Металец“

Жарко Настоски