(ВИДЕО) Авировиќ до Тевдовски: Жалам ако косата ви испадна од нас, ама и да имавте коса ќе ви паднеше од вашите

Од:

Опозициската пратеничка Владанка Авировиќ на синоќешната седница која траеше до три часот изутрина бараше да се прекине маратонскиот ритам кој го наметна претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Согласно законот за работни односи не можеме да работиме 24 часа, рече таа, а Џафери возврати:

-Согласно Уставот, Собранието е во постојано заседание. Kога ќе бидете уставен судија ќе толкувате.

Веднаш по дуелот со Џафери таа му се обрати на министерот за финансии.

-Тевдовски јас жалам што ви паднала косата од нас, ама подобро од нас зашто наскоро ако имавте коса, ќе ви паднеше од вашите. Имате професорско знаење, но за жал оние политики кои ќе сакате да ги спроведете ќе бидат оневозможени од стотиците барања за вработувања од министерствата, па ќе морате да се позајмувате за да ги плаќате тие луѓе, рече Авировиќ.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска