(ВИДЕО) Атанасов: Заедно со мојот тим имаме јасна, прецизна и остварлива визија, нашето Берово

Од:

„Заедно со мојот тим имаме јасна, прецизна и остварлива визија, нашето Берово да го направиме сигурно место за живеење. Берово заслужува стабилност и сигурност и тоа треба да го добие. Беровчани заслужуваат сигурна и надежна иднина за своите деца.

Нудиме програма која носи просперитет и развој.

Со мисла за подобро утро за сите граѓани, одиме напред, сложно и заеднички, чекориме гордо и достоинствено, во нашето ново утро. Со работа, дела, реализација, отчетност, гордо и достоинствено влегуваме во новата ера.

Дозволете да Ви претставам дел од нив кои што имаат круцијално значење во иднината на нашата општина:

1.Ќе изградиме водоснабдителен систем со резервоар и филтер станица на Беровско езеро кои ќе допринесат за понатамошен развиток на алтернативниот туризам во Берово.

2.За потребите на граѓаните ќе изградиме современ градски пазар кој ќе биде сместен на локација на постојниот пазар.

3. Изградба на водоснабдителен систем со зафат и резервоар со кој ќе се реши еден долгогодишен проблем со водоснабдувањето во село Двориште.

4.Продолжување на изградбата на водоводната мрежа над с. Русиново и с. Ратево како и изградба на резервоари за вода и доводна линија од филтер станицата во Берово до населените места.

5. Како еден проект од огромно значење за животната средина и за жителите на општина Берово е рехабилитацијата и проширувањето на канализационата мрежа во Берово. Преку истиот ќе се опфатат канализационите мрежи во туристичката населба Беровско езеро, градот Берово и населените места Владимирово и Смојмирово како и мрежата за атмосферска канализација во урбаниот дел на Берово, со цел да се решат проблемите од можни поплави во периодите на дождови со јак интензитет.

6. Реконструкција и рехабилитација на локалниот пат Владимирово – Берово.

7. Ќе изградиме кружна раскрсница на раскрсницата на влезот на Берово и спојката со регионалниот пат Берово–Струмица и локален пат за Владимирово, која планираме да биде осветлена според прописите предвидени за ваков тип на сообраќајни решенија.

8. Уличната мрежа во Берово ќе ја подобриме и со реконструкција на една од влезните улици во Берово, улицата „Борис Кидрич“, како и реконструкцијата на една од клучните сообраќајници во градот Берово ул. „Моша Пијаде“ која води кон туристичките населби Беровско Езеро и Абланица како и кон туристичкиот комплекс „Хотел Манастир“. Истата ќе биде целосно реконструирана со изградба на тротоарни површини и атмосферска канализација.

9.Ќе ја реконструираме кино салата во Берово која ќе прерасне во еден современ мултикултурен центар со што Берово ќе добие уште едно место за културни случувања и настани од други видови.

10.Во нашата програма ветуваме дека ќе го канализираме и останатиот дел од Будинарски поток кој минува низ централниот дел на с. Будинарци.

Верувам дека само заедно со поддршка на граѓаните и мојот тим можеме да чекориме напред во градење на подобра, и попросперитетна општина“, изјави Никола Атанасов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Берово.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он