(ВИДЕО) Атанасов: Демократски промени за подобро образование

Од:

„На денот на сесловенската писменост може да констатираме дека она што беше направено во образованието во изминатите 10 години е катстрофално лошо.

Тоа го потвдија и наставниците, и професорите и студентите и учениците и нивните родители“, рече Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и член на ИО на СДСМ.

„Во образованието, како и во останатите сфери во нашето општество се потребни темелни промени.

Илјадниците граѓани коишто секојдневно протестираат бараат промени и подобро утре. Бараат и подобро образование.

По демократските промени, екстерното тестирање, за кое уште еднаш кажуваме дека е една чиста импровизација со која не може да се измери ништо, ќе биде укинато.

Ќе бидат поништени сите оценки што сега на децата неправедно им се внесуваат во свeдителствата! Казните ќе бидат укинати!

Многу скоро, заедно со наставниците и професорите ќе изградиме модел на евалуација кој ќе мери кое училиште колку постигнало, но и ќе мотивира и наградува!

Ќе бидат изработени подобри учебници! Ќе бидат направени современи курикулуми по мерка и на општеството и на економијата.

Во односот кон образованието се гледаат сите политички разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Ние сме за креативност, тие се за контрола и казни!

Ние сме за интегрирано образование, тие се за поделби и раздор!

Ние сме за јавни политики, тие се за телефонски наредби и закани!

Има разлика!

СДСМ е за изградба на современо, европско образование, но и за слободна, демократска и интегрирана Македонија“, изјави Петар Атанасов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски