(ВИДЕО) Артан Груби кон новинар: Да ми се извиниш затоа што забега

Од:

Вицепремиерот Артан Груби на прес-конференцијата по повод потпишувањето на договорот помеѓу конзорциумот „Бехтел и Енка“ со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за изградба на четири автопатски делници во Македонија, побара од новинарот на телевизија „Телма“, Миомир Серафиновиќ да му се извини за тоа што му рекол дека забегал со одговорот на новинарско прашање.

– Пред да продолжиш, да ми се извиниш затоа што забега. Нема да ви одговорам на прашањето затоа што треба прво да ми се извините. Да реагира ЗНМ на ова однесување кое е апсолутно неприфатливо и навредувачко. Друго прашање ве молам, друго прашање. Дали има друго прашање? – рече Груби.

Новинарот го праша дали може да го праша второ прашње, Груби му рече:

– Не, не може, срамота е колеги сме, заедно студиравме да навредувате на прес-конференција. Навредливо е да ми кажете дека сум забеган, навредливо е и разочарувачки – истакна тој.

Откако новинарот му објасни дека немал намера да го навреди, туку дека сакал да му каже дека дискусијата забегала во друг правец, Груби рече:

– Денеска Прочка ли е? Ај ќе ти простам без разлика. Јас одговорив веќе на овие прашања. Миомир ниту го знам како се вика тој човек ниту што направил. Ако направил нешто нека постапат јавното обвинителство. Сите од компаниите поднесоа за неосудуваност.

Вицепремиерот им порача на новинарите да не им лепат етикети на фирмите учеснички во изградбата на патиштата и да не го споредуваат некој што вршел надзор во железници, со некој што врши надзор на автопати во 2023 година.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Ахмети не знае која приказна да ја брани за Груби, нервозата во ДУИ расте

Горан Наумовски

Германски новинар го праша Зеленски: „Што можеме да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси?“

Италијански новинар брутално убиен – телото му било запалено додека сè уште бил жив

Предраг Петровиќ

Почина новинарот Рамуш Муарем – Цирко

А1он

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски