(ВИДЕО) Арсовски: Заев и СДСМ успеаја да го најдат клучот за испумпување на народни пари на ниво на целата држава

Од:

„Зоран Заев и СДСМ за само една година успеаја да го најдат клучот за испумпување на народни пари, на ниво на целата држава. Заев само си го копираше локалниот модел кој што два мандати го применуваше во Струмица, сега на национално ниво на целата држава.

Зад мене на екранот можете да видите 2 таканаречени криминални пајажини. На едната страна е криминалната пајажина што Зоран Заев ја сплете додека беше Градоначалник на Струмица и успеа да испумпа милиони евра преку фирмите на неговите роднини и неговите блиски.

На другата страна е пајажината која што Заев успеа ја сплете откако дојде на власт и тоа преку само една институција, Фондот за иновации. На истиот, негов, веќе испробан начин, се обиде да испумпа милиони евра, но беше фатен“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали стои Зоран Заев зад скандалот „Криминални иновации“? Дали тоа е причината заради која што Заев ги штити сите инволвирани функционери и не поведе постапка за одговорност и разрешување против никого?

Зоран Заев шемата за испумпување народни пари преку свои блиски фирми која што ја имаше воспоставено локално во Струмица, за само една година ја префрли централно.

За само една година СДСМ успеаја преку сомнителни, наместени, во 4 очи тендери, да испумпаат десетици милиони евра. Бидејќи Советот за јавни набавки не води веќе контрола околу тендерите, додека граѓаните се занимаваат со најгорливото прашање околу Уставното име, за функционерите на СДСМ дојде животот. Тие удрија најбезобразно по парите на граѓаните низ сите институции. Секојдневно летаат тендери од институции до блиски луѓе на СДСМ и нивни функционери.

Ангажманот на камионите на Вице во РЕК, издадените градежни дозволи, доделените концесии за ископ, доделените концесии за одгледување марихуана, се само мал дел од примерите како Зоран Заев ја унапреди локалната шема од Струмица.

Кога на неа ќе се додадат и скандалите како тендерот за реагенси во здравство на Венко Филипче, Фонд за иновации, набавка на нови автомобили преку фирми донатори на СДСМ или набавките на апетисани за министерства, јасно се гледа „модус операнди” односно начинот на вршење на делата на криминалниот картел на власт и се отсликува намерата зошто СДСМ се бореше да дојде на власт.

Нив не им е гајле ниту за граѓаните, ниту за државата. Нив единствено им е гајле да се збогатат и да ги исплатат фактурите кон оние што им должат од предизборието.

Заеви, Анѓушев, Локвенец, Цветанка Ласкова и останатите блиски до СДСМ за само една година успеаја да направат ршум низ институциите и заработија милиони.

Јавното Обвинителство да го испита што побрзо овој скандал и да поведе постапки веднаш против сите инволвирани во скандалот „Криминални иновации”. За сите овие скандалозни поделби на пари треба да се одговара. Додека граѓаните немаат леб да јадат, Заев заедно со фамилијата и најблиските соработници се богати на грбот на народот.

Во спротивно, кривичното дело не застарува и еден ден кога нема да е заробено судството, правдата ќе излезе на виделина и ќе се задоволи, а сите инволвирани ќе одговараат. Тогаш Македонија и граѓаните ќе победат“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата