(ВИДЕО) Арсовски: Заев призна дека Република Македонија нема да ги отпочне преговорите за влез во ЕУ во јуни

Од:

„Голема е веројатноста Република Македонија да не ги отпочне преговорите за влез во ЕУ во јуни. Ова вчера лично го призна и премиерот Зоран Заев. Зоран Заев уште еднаш призна дека ги излажал граѓаните.

Човекот кој ветуваше дека државата ќе ги отпочне преговорите за ЕУ во јуни, сега вели дека лани во јуни во Брисел не му било кажано дека со сигурност ќе ги отпочнеме преговорите како држава, туку дека можеби истите ќе бидат отпочнати, ако ги исполниме реформските чекори.

Така е тоа кога коруптивните зделки и тендери и непотистичките вработувања и грантови и тендери имаат приоритет пред реформите на државата кои се предуслов за во ЕУ.

Зоран Заев вчера ги потврди тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ од претходно дека за влез во ЕУ се потребни реформи, а не продажба на националните и државните интереси и личниот интерес на картелот на власт“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„За влез во ЕУ се потребни и европски вредности, а Зоран Заев и СДСМ од европски вредности имаат единствено едно евро за вицето.

Реформи нема, тоа сите го гледаат. Повеќе од две години владата на СДСМ не прави ништо конкретно и суштинско во државата. Судството е политизирано, администрацијата партизирана, економската политика е оцената со нула од германските стопанственици.

Се на се реформите на оваа власт се нула, а економијата оди во минус.

Република Македонија не може да се придвижи ниту милиметар кон ЕУ, се додека Рускоска обвинителството извршува, а Кацарска судството пресудува, нарачки кои што доаѓаат директно од Зоран Заев, кој ги предвидува и претскажува сите пресуди.

Нашите партнери од ЕУ не можат да бидат излажани со маалските фори и зезанции на Зоран Заев.

Затоа на претстојните избори да излеземе сите масовно и да ги казниме Зоран Заев и владата на СДСМ за сите погрешни политики кои што ги спроведуваат кои што одат на штета на граѓаните и на штета на државата“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски