А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Арсовски: Заев мора да сфати дека “рибата смрди од главата”

by А1он23/04/2019 - 16:10320
Share0

Зоран Заев со најавата за метла оди по неговата максима дека “рибата смрди од опашката”, па така вината за огромниот пораз кој што му се случи на СДСМ нанесен од граѓаните ќе ја бара во сите други освен во него. Но, Зоран Заев мора да сфати дека “рибата смрди од главата” и ако од некој треба да почне метлата и чистката, тоа е тој самиот Зоран Заев да се исчисти од политичката сцена во државата, рече Димче Арсовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

“Најпрвин Зоран Заев и неговиот кандидат Стево Пендаровски кој и самиот рече дека е 102% ист како Заев, заедно понатака со целата Влада и целото раководство на СДСМ, треба да се исчистат од пред очите на граѓаните и повеќе да не им се појавуваат.

Зоран Заев ја има целата вина и одговорност заедно со целата Влада и целата партија за огромниот пораз нанесен од граѓаните. Зоран Заев и официјално веќе е најомразениот лик помеѓу граѓаните на
Република Македонија а тоа се види и на денот на гласањето.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пред “да заигра метлата” во Владата, Зоран Заев треба да биде свесен дека веќе не му проаѓаат кај граѓаните ваквите лажни изјави и повеќе никој не му верува.

Зоран Заев исто така треба да е свесен дека пред “да заигра метлата”, граѓаните не забораваат и нема да ги простат сите криминалии, лажните ветувања, лагите дека нема да има промена на Уставот и се останато што се случи изминатите две години.

Чистката на Заев треба да почне од него заради, Криминалните иновации од 10.5 милиони, заради крвавите тендери на Венко Филипче, заради сите нерасчистени убиства, сите коруптивни скандали, заради сите рекети, уцени и закани, заради сите тендери наместени, заради камионите на Вице Заев, заради се она што се случи изминатите две години.

Чистка мора да има и заради непотизмот по примерот на Мира Дизел кој што ја зафати како епидемија целата држава односно СДСМ.

Никој не го тераше Заев да ветува брда и долини, да ветува 500 евра плата, да ветува 100.000 денари плати за докторите, илјадници километри автопати, никој не го тераше да ветува дека ќе тече мед и млеко по улиците. Никој не го тераше Заев да ветува дека само уште што не дошле во Фејсбук и Гугл и сите други странски инвеститори.

Заев мора да знае дека пред “да заигра метлата”, јавното обвинителството мора да ги заврши сите истраги за криминалиите на Владата на СДСМ и самиот Заев не неговата фамилија и мора да сносат одговорност. Ниту една “метла” на Заев нема да ги амнестира криминалиите на СДСМ и функционерите на СДСМ кои ја ограбија државата и граѓаните изминатите две години.

Ниту една метла, ниту еден дефокус и ловење во матно нема да ги премисли граѓаните да и стават крај на оваа неспособна Влада на Зоран Заев и СДСМ.

За крај, доколку Зоран Заев и сите останати од СДСМ не си понесат одговорност за овој огромен пораз, нека не се секираат, ВМРО-ДПМНЕ многу набрзо на парламентарни избори ќе ги смени и ќе ја врати државата на вистинскиот пат.

Времето на криминалниот картел на власт и кланот Заев веќе заврши. Граѓаните му го најавија крајот и падот на Заев и СДСМ. А секој пад е болен и одговорност за се мора да има.Професорката Гордана Сиљановска Давкова е новиот и иден Претседател на Република Македонија.”, изјави Арсовски.

izborisdsmvmro

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Горан Наумовски12/11/2026 - 10:38

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Горан Наумовски10/11/2026 - 15:16

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:42

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:3707/11/2026 - 12:45

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео