(ВИДЕО) Арсовски: Заев ја однесе Македонија на дното на листата на Транспаренси Интернешнл

Од:

„Република Македонија на листата на Транспаренси Интернешнл падна на 106-то место и бележи пад за цели 13 места и сето ова е резултат на Зоран Заев и СДСМ.

Зоран Заев ја однесе Република Македонија на дното на листата на Транспаренси Интернешнл и со тоа и официјално Македонија е најкорумпираната држава во регионот и во Европа.

Македонија е во друштво со Монголија, Брегот на Слоновата коска и Египет каде што замислете пред само неколку години во Египет имаше граѓанска војна и за жал Република Македонија најлошо котира и на Балканот, а пред нас се сите останати држави од регионот.

Како што се вели во извештајот оваа година резултатот е во знакот на заробената држава, високото ниво на политичка корупција, недоволна транспарентност во работата на јавниот сектор, неефикасноста на контролните и регулаторните тела која исто така е резултат на недоволниот капацитет за нивното работење“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Инаку во превод, ние сме на дното на листата на Транспаренси само затоа што цветаат корупцијата во Владата на Зоран Заев и СДСМ, само затоа што се рекетираат милионски суми од граѓани и бизнисмени, само затоа што се местат тендери во секоја институција и ги добиваат блиски луѓе до СДСМ. Само затоа што власта и Зоран Заев се мешаат во органите на правосудството и затоа што сите институции се водени на лош начин од лошите кадри кои немаат доволно капацитет предложени од Зоран Заев. Но она што е уште поважно е што досега никој не одговарал во изминативе две до три години за криминалот кој што го направил, а е поврзан и близок односно директно инволвиран во власта на Зоран Заев и СДСМ.

Минатата година Република Македонија го делеше 93-тото место заедно со Косово и повторно беше на дното, но она што е оваа година трагично за Република Македонија што и Косово е далеку погоре на листата од Република Македонија и имаат остварено напредок во делот на корупцијата. Само Република Македонија остана на дното и е најкорумпирана држава.

Рекетот на пајташите на СДСМ и алчноста на фамилијата Заеви полека си го земаат данокот од кој што највеќе трпат граѓаните и државата.

Република Македонија е заробена држава и сето тоа е заслуга на Заеви и СДСМ.

Решението е едноставно, Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власт и никогаш повеќе да не се вратат. Секогаш кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на сите ранг листи од еминентните организации кои што прават извештаи.

Зоран Заев е виновен за сето ова и нема да дозволиме и ние и граѓаните никогаш повторно да не и се случи на Република Македонија, ова што и се случува сега“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот