(ВИДЕО) Арсовски: Заев е премиер со зајачко срце кој бега од дебата за референдумот

Од:

„Зоран Заев кој зборот дебата не го вадеше од уста, сега бега од дебатата како ѓавол од темјан. Зоран Заев избега од дебатата на која го повика нашиот Претседателот, Христијан Мицкоски. Заев е кукавица кој за фотелја потпиша капитулација на Република Македонија. Всушност Зоран Заев е Премиер со зајачко срце.

Ова доволно говори дека Зоран Заев не сака да се соочи со граѓаните и дека не сака да одговори на прашањата поврзани со референдумот.

Но, главното прашање е, кој му забранува на Зоран Заев да излезе и да се соочи со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски кој отворено јавно го покани на ТВ дуел односно дебата“, праша Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој г-дине Заев Ве советуваше кукавички да бегате од ТВ дуел, каде што ќе треба да ги побиете сите аргументи на ВМРО-ДПМНЕ дека овој договор е капитулантски и го брише идентитетот, јазикот, историјата, малцинствата и се останато?

Заев на дебатата ќе треба да каже зошто се откажа од македонскиот идентитет?

Зошто институционалниот идентитет се губи и нема да бидат повеќе институциите со македонски идентитет? Зошто Владата ќе биде Влада на Северна Македонија?

Зошто ќе се менуваат личните карти, пасошите и сите останати документи?

Зошто Зоран Заев го прифати членот 8 од договорот со Република Грција, според кој ќе треба да ја ревидираме историјата, археологијата и образованието?

Зоран Заев на дебатата со нашиот Претседателот Мицкоски ќе треба да одговори на овие прашања и потоа да се соочи со јавноста.

Колнејќи се во дедовината и нивата од која го црпнале, одејќи по жицата македонска, и дедовината ја продаде и жицата од македонска ја прекрсти во северномакедонска.

Зоран Заев со бегањето од ТВ дуел, бега од граѓаните, исто како што кукавички го преговараше и го склучи сам овој капитулантски договор за Република Македонија, криејќи се од целата јавност.

Зоран Заев доколку бега цело време од ТВ дуелот и не се соочи на дебатата со Претседателот Мицкоски ќе остане истиот Заев со зајачко срце. Затоа, граѓаните на Република Македонија сами ќе одлучат за својата иднина како ќе постапат“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски