(ВИДЕО) Арсовски: Зад нападот врз штабот на ВМРО-ДПМНЕ седи власта

Од:

„Вчера беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера се виде во право светло недемократското лице на власта и Зоран Заев, она реалното, неразубавено од милион шарени лаги и лажни очекувања.

И по повеќе од 16 часа имаме целосен молк од институциите.

Нашите индиции говорат дека зад ова седи власта, а сценариото се спроведува од нивните инсталации“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во повеќе наврати се сака ВМРО-ДПМНЕ да се втурне во насилно сценарио позади кои седи интересот на власта да предизвика инциденти како за тоа би можела да ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и да ја компромитира во противењето на договорот на Заев за промена на името на Република Македонија.

Имено според наши непотврдени информации на вчерашниот инцидент му претходела една средба пред неколку дена во едно познато скопско кафуле на која присуствувал еден градоначалник од редовите на СДСМ, еден многу близок вработен во кабинетот на друг градоначалник и неколкумина лица со дебело полициско досие.

Според нашите неофицијални информации тие лица биле убедувани да се инфилтрираат на протестите за името и да предизвикуваат насилство за кое подоцна ќе се обвини ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се прикаже за неконструктивна, насилна и да се деградира нашата борба против штетниот договор кој што го потпиша Зоран Заев во Преспа.

За само 48 часа од оваа средба беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ во стилот и со методи на шарената револуција на СДСМ.

Зад се тоа ова стои поголемо сценарио диригирано директно од Зоран Заев.

Стануваме држава која насилство се спроведува од власта и власта се пресметува со опозицијата.

Ова е за секаква осуда, но и ваквото насилство покажува дека власта и Зоран Заев се во паника затоа што знаат дека економскиот и политички пустош што го прави владата, народот не го одобрува.

Заев е спремен и подготвен со сила и туѓи и невини жртви да ја брани власта и своите капитулантски одлуки.

Договорот на Зоран Заев со Грција народот не го одобрува, и ВМРО-ДПМНЕ се бори против овој договор со сите демократски средства и методи кои се на располагање.

Народот не може да биде изманипулиран и народот се повеќе станува свесен за ситуацијата. Ова, почитувани се очајни потези на човек кој очајно сака да си ја зачува власта која што му бега од раце. Зоран Заев мора да падне за да Македонија и народот да победи“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање