(ВИДЕО) Арсовски: Во текот на постапката при склучување на договор со „Веридос“ се менуваат членови на комисијата по терк на СДСМ и Спасовски

Од:

„Владата на СДСМ целиот мандат го помина директно вплеткана во криминални афери и скандали поврзани со милионски суми на корупција.

МВР под водство на СДСМ под сомнителни околности на крајно незаконски начин склучува договор за набавка и испорака на пасоши и документација за лична идентификација во вредност од над 19,5 милиони евра за периодот 2020 и 2021 година. Тоа се оние информации кои шо ги изнесовме вчреа.

Исто така изнесовме и два сомнителни моменти од целата постапка, а тоа се зголемувањето на предвидената сума за набавката во текот на постапката од 7 на рекордни 19,5 милиони евра согласно тоа што има еден единствен понудувач, кој што барал зголемување на сумата пари. И вториот незапазување во постапката околу роковите, односно најпрвин е склучен договорот за рамковна спогодба на онаа сума од 19,5 милиони евра, а ден потоа е донесен извештајот за постапката и одлуката за избор на фирмата „Веридос“. Што нормално треба најпрвин да се донесе одлука за избор, извештај за постапка, па дури потоа рамковна спогодба или договор да се случи“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска ќе изнесеме нов момент на прекршување на законот во текот на оваа постапка за оваа јавна набавка во министерството за внатрешни работи која што се случувала во текот на 2019-тата година од страна на Оливер Спасовски и министерството предводено од СДСМ.

Имено, Комисијата за донесување на оваа јавна набавка брои 7 членови, од кои 1 Претседател и 6 членови, и уште 7 заменици членови, односно 1 заменик претседател и 6 заменици членови. Најверојатно дел од овие членови не им биле по теркот на СДСМ и на Оливер Спасовски и најверојатно не сакале да замижат и да го аминуваат тековното прекршување на постапките, па така можеби досега помалку познато и нечуено на 2 октомври 2019-тата година, кога веќе трае постапката за оваа јавна набавка се менуваат 5 од 7-те членови кои што се редовни и 4 од 7-те заменици членови во комисијата.

Важно е да се напомене дека комисијата е сменета во текот на постапката, откако е истечена важноста на понудата, што аналогно на тоа, наместо да се поништи целата постапка за оваа јавна набавка, таа продолжува со сега веќе нова комисија со вкупно 9 нови членови од вкупно 14 членови, односно како што реков 5 нови членови во редовните 7, и уште 4 нови членови во замениците кои што исто така се на број 7. Кои што најверојатно се донесени новите по терк на Оливер Спасовски и СДСМ за да го аминуваат сето она кое што не сакале да го аминуваат овие другите односно да го аминуваат незаконското постапување во постапката.

Да сублимираме, комисијата е променета во текот на постапката откако е истечена важноста на понудата само за да се замиже пред прекршувањето на процедурите во постапката.

Исто така мораме да потенцираме дека според нашите информации, оваа одлука не е потпишана од Претседателот на комисијата и од членовите на комисијата кои се од одделението за јавни набавки, бидејќи се свесни за очигледното прекршување на процедурите при јавната набавка и постапката и се свесни дека ќе дојде ден кога ќе одговараат кривично доколку го потпишат истото.

Уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство, сериозно да пристапи кон овој случај. Молкот на СДСМ и паушалните реакции на дополнителниот заменик министер од редовите на СДСМ во доцните вечерни часови е само потврда дека нешто навистина сакаат да сокријат.

Времето на СДСМ, на Зоран Заев, на Оливер Спасовски веќе помина. Сега доаѓа време кога треба да се сноси одговорност за се што е претходно направено. Доколку тоа не се случи сега, ќе се случи верувајте по 12-ти април.

Зоран Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалиите.

На 12-ти април следува одговорност.

Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе нема да и се повторат на Република Македонија и македонскиот народ“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски