• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Арсовски: Власта врши чиста изборна корупција и поткуп на гласачи

by А1он08/02/2019 - 12:42299
Share0

Во последните неколку месеци државната и јавната администрација се користат како апарат за вдомување на партиски кадар и тоа само пред избори. Власта врши чиста изборна корупција и поткуп на гласачи, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Добивај вести на вибер

„Во последните 4 месеци само во Царинската управа е распишан оглас за вработувања на над 160 лица, 58 во октомври, 78 во јануари и 24 во февруари. Огласи за работа во последните неколку дена пред распишување на изборите се објавени и во „Македонски железници“, „Пазарен инспекторат“, Генерален секретаријат на Владата и Министерството за локална самоуправа. Истата ситуација се случува и во локалните претпријатија. Вчера ЈП „Водовод и канализација“ распиша оглас за вработување на над 140 лица“ изјави Арсовски.

Според него, масовното вработување во администрација непосредно пред избори е ноторен пример за изборна корупција. Само за неколку дена, како што наведе, огласите за вработување во администрација се неколку стотина.

„Во изминатиов период видовме дека администрацијата е главно место за вработување на децата на функционерите на власта и партиските активисти. Јавноста памети безброј примери за партиски вработувања. Оваа власт ги вработи синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери во ЕЛЕМ, синот на Владо Бучковски и сестрата на министерот Бектеши во МЕПСО, а синот на Љубомир Фрчковски е поставен за помошник директор во ПУИК, додека пак сега најнов случај на вработување на деца на функционери е синот на пратеникот Мисовски, кој е вработен Агенцијата за супервизија на осигурување“ нагласи Арсовски.

Тој истакна дека СДСМ ветувале еднаков пристап на секој граѓанин до секое работно место, за сега, како што објасни, да гледаме како администрацијата се полни со партиски лица од СДСМ, а граѓаните неможат ни да замислат да бидат примени на некое работно место, бидејќи однапред знаат дека нема да бидат примени и тоа место е наменето само за децата на функционерите од СДСМ.

dimce arsovskipotkup na glasacivmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:40

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:0620/01/2026 - 09:07

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он17/01/2026 - 16:3317/01/2026 - 18:49

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:2208/01/2026 - 14:55

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

Горан Наумовски05/01/2026 - 15:28

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

Горан Наумовски05/01/2026 - 12:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен