(ВИДЕО) Арсовски: Уште два нови случаи каде пратенички си ги вработиле своите браќа

Од:

„Ниту политичкиот прогон, ниту пак насилството, ниту заканите по живот нема да не спречат вистината за непотизмот на власта, епидемијата на непотизам да излезат на виделина.

После скандалозните вработувања на синот, сопругот и братот на пратеничката Мира Дизел Стојчевски, после вработувањата на братот, синот и снаата на пратеничката Милева Ѓорѓиева, после вработувањето на мајката на пратеникот Костадин Костадинов, после вработувањето на синот на пратеникот Горан Мисовски, после вработувањето на кумот и внукот на пратеничката Фросина Ременски, после вработувањето на братот на пратеничката Славица Митева Шуманска и уште десетици други случаи на блиски роднини на функционери, денес ќе ви презентираме два нови случаи кои што се заразени со епидемијата на непотизам.

Почитувани, зарази со непотизам бележиме и во два случаи на скандалозно вработување и именување на уште две пратенички од СДСМ“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, вработен е братот на пратеничката на СДСМ, Татјана Прентовиќ во Македонската Опера и Балет. Почитувани, многу не интересира кои се критериумите и квалитетите според кои баш братот на Татјана Прентовиќ се вработил во Македонската Операта и Балет?

Второ, братот на пратеничката на СДСМ од Македонски Брод, Анета Димовска Симеска од стоматолог во приватна ординација е назначен за директор на Здравствениот дом во Македонски Брод. Немало ли доволно доктори да се изберат во домот за директор, па морало приватен стоматолог, патем и да е брат на пратеничка од СДСМ за да се именува на оваа позиција?

Еве ова е системот на партизирање и фамилијализирање на јавната администрација кој што го прават Заев и СДСМ од чистачка до министер како што имаше кажано. Сето ова граѓаните го плаќаат преку зголемени даноци или преку енормните задолжувања. Зарем во држава во која има толкав број на невработени, пред се млади луѓе, кои што секојдневно си заминуваат, е нормално токму роднините на функционерите на СДСМ да бидат или единствени пријавени или пак најдобрите и најквалитетните кандидати.

Тоа за жал за СДСМ е нормално, па уште и лажно го морализираат.

Граѓаните гледаат со какви лицемерни суштества во власта си имаат работа и оваа епидемија на непотизам ќе ја казнат на избори, затоа што тоа е единствениот ефективен лек против оваа зараза“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава