(ВИДЕО) Арсовски: Трет ден молк за убиството на Никола Саздовски – Саздо

Од:

„Трет ден Оливер Спасовски молчи за деталите за случајот со убиеното 21 годишно момче Никола Саздовски – Саздо.

Кој е третиот што учествувал во убиството и зошто досега не е приведен? Дали власта го крие или во моментов се бара канал за негово бегство од земјава? Дали заради тоа сеуште нема распишано меѓународна потерница и не се објавува негова фотографија за јавноста да може да пријави доколку го види? Дали е во тек истото сценарио по кое што се режираше бегството на убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев, кој беше убиен пред својот дом?

Дали во автомобилот со кој што дошле убијците имало и четврто лице? Кое е тоа лице и зошто нема пријава за помагање на истото?

Кои се инспекторите кои што го квалификуваа убиството како насилство? По чија наредба оваа брутална ликвидација ја квалификуваа како поблаго дело, а не како убиство што впрочем е? Зошто нема постапки против нив?

Што се крие Министерството за внатрешни работи во врска со случајот за убиениот Никола Саздовски – Саздо?“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски