(ВИДЕО) Арсовски: Судијката Мери Дика учествувала во „перење на пари“ со Бојан Јовановски

Од:

„Луј Витон правосудството на Заев и СДСМ го урниса целиот правосуден систем во Република Македонија.

Судијката од апелациониот суд Мери Дика, инаку кума на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, јавно призна дека е вклучена во перење пари во корелација со Бојан Јовановски .

Судијката Мери Дика, призна дека дозволила нејзините податоци да бидат користени за да се изврши поврат на данок за се што пазарел Бојан Јовановски и неговото семејство во Милано, Италија“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имајќи го предвид луксузниот стил на Бојан Јовановски кој се мери во илјадници, но и во стотици илјади евра, нималку не се сомневаме дека тоа биле огромни суми на пари кои Мери Дика ги извадила користејќи ги нејзините лични податоци и истите му ги предала на Бојан Јовановски Боки 13 и со тоа автоматски извршила дело „перење пари“.

Здобиените пари од повратот му ги дала на Бојан Јовановски, имајќи предвид како што реков дека троши огромни суми на пари за својот луксузен стил на облекување. Прашањето е дали тие стекнати пари откако ги извадила, откако му ги дала на Бојан Јовановски, била свесна и знаела од каде се снабдени, имајќи во предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки, односно, нема сметки со легално легнати пари?

Со секое ново сведочење во „Рекет“ излегуваат на површина сите постапки на инволвираните во истиот случај.

На Кацарска и се заканува затвор до 11 години заради влијание врз друг судија и уште веднаш треба да се суспендира, од страна на Иван Џолев. Според сведочења Русковска била вмешана во криминал од 4 милиони евра. Денес гледаме дека Мери Дика „перела пари“ за Бојан Јовановски.

Како што реков имајќи во предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки каде што има легално стекнати пари, односно оттука е прашањето дали можеби овие пари коишто се трошени во Милано, односно коишто се користени личните податоци на судијката Мери Дика се пари стекнати од рекетирање.

Кацарска судството и Русковска обвинителството е реалноста на правосудниот систем во Република Македонија.

Затоа ни е потребен закон кој нема да дозволи штитење на криминалот.

Зоран Заев и СДСМ се виновни за се ова што се случува и одговорност мора да има за се она што е направено во делот на криминални деанија од страна на оваа влада“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава