(ВИДЕО) Арсовски: Сомнителни лица беа праќани од МВР да ги вршат претресите и да заплашуваат народ

Од:

Она што се случуваше вчера околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ беше класична политичка хајка организирана од Зоран Заев и Оливер Спасовски. ВМРО-ДПМНЕ беше вчера под полициска опсада и членови на ВМРО-ДПМНЕ беа претресувани и малтретирани на излезот од паркингот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова вчера што се случуваше беше хајка и јавен линч на сите оние кои што не мислат како Зоран Заев и СДСМ и кои што мислат поинаку. Вчера бевме сведоци на класична злоупотреба на институциите во политички цели. И медиумите и јавноста знаеја дека полицијата не бара никого во штабот на ВМРО-ДПМНЕ туку само врши притисок и заплашува. Сомнителни лица беа праќани од МВР да ги вршат претресите и да заплашуваат народ, а до седиштето на партијата беа забележани и возила на воената полиција и кабинетот на Радмила Шекеринска од министерството за одбрана. Па така Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски треба да одговорат, што бараа возила на министерството за одбрана до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и зошто се малтретираа членови на ВМРО-ДПМНЕ и недолжни граѓани? Што бараа сомнителни лица од МВР околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и дали беа праќани луѓе кои се обезбедување на Радмила Шекеринска да учествуваат во притисокот врз партијата и членовите? Ги повикуваме Внатрешната контрола на МВР да истражи како и кој ги извести медиумите за чекорите на МВР и тајмингот во кој ќе ги вршат претресите? За ова мора некој да одговара и да си даде оставка, рече Арсовски.

Тој го повика и народниот правобранител да поведе постапка за малтретирањето на семејството на Груевски и за малтретирањето на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев, кој е режисер на медиумскиот циркус што се случуваше вчера само сакаше да ги доисплаши сите оние кои мислат поразлично од него и од СДСМ. Верувајте дека бројката на тие луѓе е огромна, бидејќи никој не сака да има исто мислење како еден политичар аболиран за криминал како Заев кој единствено што знае е закани, уцени и антидржавно однесување и работење. ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се жртви токму на неспособноста на аболицираниот Заев. Година и половина ја уништуваат сопствената држава и сето тоа го прикриваат со политички прогон кој вчера кулминираше и според нашите информации нема да престане и во наредниот период, а ВМРО-ДПМНЕ не планира да потпадне под притисокот и заканите на СДСМ. Па така да повториме и да ве потсетиме уште еднаш, ако мислите дека ќе не заплашите, се лажете! Добро ве знаеме сите. Ќе дојде денот кога за ова ќе одговарате и вие кои го извршувате ова сценарио и оние кои што го нарачаа и организираа по наредба на Зоран Заев, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Дали причина за хаосот на Хирургија е системот за компримираниот воздух или има бактерија МРСА

Средба за соработка помеѓу Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со пораз од 1:3, СДС го има најслабиот резултат во историјата

Мицкоски: Добрососедските односи се двонасочна улица, ќе водиме принципиелна политика со аргументи и факти

Орце Костов

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов