(ВИДЕО) Арсовски: Со прислушувањето се доведува до прашање се она што изминатите 2 години работело обвинителството

Од:

Во Република Македонија во моментов нелегално и незаконски се прислушкува. Оваа криминална власт не бира средства за да врши притисок и уцени за свои лични цели. Сега мета се јавните обвинители, институциите и сите граѓани во Република Македонија, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со овој скандал од огромни размери се доведува до прашање се она што изминативе 2 години се работело во Јавното обвинителство од страна на обвинителите и во судството од страна на судиите. Очигледно е дека институциите и нивната работа се под директен надзор и контрола на Зоран Заев и Оливер Спасовски. Сега веќе е и повеќе од јасно зошто Заев однапред знае за целата работа на обвинителството и судството во Република Македонија. Овој скандал на прислушкување е повеќе од сериозен и отвора многу прашања за интегритетот, независноста и правичноста на истрагите и пресудите изминативе 2години откако СДСМ и Заев се на власт, рече Арсовски.

Тој рече дека јавноста повеќе нема доверба во обвинителството и обвинителот Јовевски.

– Колку разговори се снимени овие две години и што се има на тие разговори? Дали има индиции за криминали ли приватни разговори кои може да се употребат за уцена на Јавните обвинители при носење на нивните одлуки? Кој се имал контакт со овие разговори и зошто власта предводена од Заев и Спасовски две години не презел ништо во врска со скандалот на нелегално прислушкување? Заради непристрасност кон овој огромен скандал, јавноста бара одговор, кој е надлежен за да ги преслушува овие прислушкувани разговори и да ги утврди сите потребни работи? Кој и зошто ги прислушувал јавните обвинители и нивните приватни и деловни разговори? Врз колку предмети влијаеле овие прислушувани разговори за да се завршат по нечија желба? Исто така се уште не добивме одговор, дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално и дали воопшто функционира системот за следење на комуникациите изминатиов период? Секогаш кога се прислушува нелегално, се вмешани кадри на СДСМ, рече Арсовски.

Тој рече дека за овој скандал некој мора да сноси одговорност уште веднаш, а обвинителството по скандалот нема легитимитет.

Би можело да ве интересира

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите