(ВИДЕО) Арсовски: Со новата стапка на данок за наем ќе се зголеми киријата на становите во Скопје, на сметка на студентите

Од:

Владата на СДСМ заедно сo министерот за финансии, Тевдовски со воведувањето на новиот Закон за персонален данок на доход дополнително ќе го оптоварат и онака тешкиот животен стандард на студентите. Во услови кога Македонија се соочува со катастрофални економски политики, ефектот од новата стапка за ПДД за наем или кирија на недвижности во висина од 15%, дополнително ќе ги зголеми трошоците за живот на студентите, посебно на студентите во Скопје, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Киријата на становите во Скопје ќе поскапи, на штета на македонската интелигенција, за која и онака оваа власт не води никаква сметка за обнова на постоечките студентски капацитети, а камо ли пак да се изградат нови. Ако трошоците за сместување во државните студентски домови изнесуваат во просек 3.800 денари месечно, тогаш секој студент во просек ќе плаќа 9 евра месечно повеќе кирија или тоа е секој месец повеќе трошоци во износ од над 550 денари. Трошоците за живот на секој студент месечно ќе се зголемат за над 14,5%. Уште повеќе што многу човечки судбини на граѓаните од внатрешноста кои живеат и работат во Скопје, исто така ќе бидат загорчени од новата даночна политика на Тевдовски, која што декларира задолжување. Многу семејства ќе бидат директно загрозени и погодени од оваа штетна даночна политика, која прави широк раздор меѓу богатите и сиромашните, и ствара еден огромен јаз, рече Арсовски.

Според него, со ваквото даночно решение на Заев и Тевдовски, богатите ќе станат уште побогати, а сиромашните ќе станат уште посиромашни.

– Цената на недвижнините ќе се зголеми за 15%, а директно на удар ќе бидат младите брачни парови, кои бараат нов дом за себе и за своите семејства. Ако трошоците за струја месечно, изнесуваат пример 2.400 денари во просек по домаќинство, тогаш младите брачни парови ќе плаќаат еден и пол месец повеќе струја во износ од 60 евра месечно или тоа е најмалку 3.700 денари во просек. Трошоците за живот за секој млад брачен пар, на годишно ниво во просек ќе се зголемат за над 12,5%, рече Арсовски.

Тој рече дека расипничкото трошење на оваа власт, и неводењето сметка за еднаквоста на граѓаните, со ваквото даночно решение, директно ќе го оштети и уништи најголемиот работодавец во државата – микро и малиот стопански сектор, а посебно микро производниот сектор и конфекциската индустрија, на кои директно ќе им се зголемат трошоците на кирија на просторот

– 15% кирија, значи отпуштање на работници, посебно во конфекциските капацитети, и задушување на микро и малиот стопански сектор. Цената за задолжувањата и расипничките трошења на оваа власт на СДСМ, ќе ја платат студентите, микро и малите стопанственици и вработените во конфекциските капацитети, чии трошоци за живот ќе бидат зголемени, со цел да платат повеќе данок на оваа ненародна власт, а со крајна тенденција да се исплатат кредитите и каматите од секојдневните задолжувања на министерот Тевдовски, на Зоран Заев и СДСМ. Оваа власт колку подолго се задржи, толку поголеми последици ќе остави во животот и стандардот на граѓаните. Тие немаат апсолутно никаква визија, знаење и капацитет да ја подобрат економијата во Република Македонија. Затоа што побрзо си заминат, толку подобро за Република Македонија и толку побрзо Република Македонија ќе тргне напред, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов