(ВИДЕО) Арсовски: Шилегов среде рецесија вработува 135 партиски војници во град Скопје

Од:

Вчера мнозинството на СДСМ во советот на градот Скопје по предлог на градоначалникот Петре Шилегов изгласа и одобри 135 вработувања на определено време на директен товар на грбот на граѓаните, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека иако имало 19 возачи во Град Скопје, Шилегов вработил уште еден.

„Петре Шилегов, но и Зоран Заев и на последните избори, како и изборите пред тоа ветуваа стручна и за 20 проценти намалена администрација. Дури и ветуваа проект за преземање на вработените од државната администрација во приватниот сектор, но еве по изборите гледаме како се вработуваат 135 лица и тоа директно за потребите на градот. Тоа се 135 плати за раководители, соработници, советници на Шилегов кој ќе ги плаќаат граѓаните. Еве дури се нашло и место за личен возач на Шилегов иако градот Скопје, по претходна изјава на самиот Петре Шилегов имало вработени дури 19 возачи, сега уште еден“, рече Арсовски.

Тој кажа дека претходниот личен возач на Шилегов е унапреден во стручен соработник за висока плата во градско претпријатие.

„Замислете Шилегов на определено време ќе вработи и раководител на одделение за европски интеграции, поточно измислено место во градот за да може Шилегов да додели плата. По потрошените пола милион евра од Шилегов за макети во Зоолошка градина и украсување со лански лампиони, никој не знае колку ќе чини годишно вработувањето на овие 135 лица во градот Скопје, нормално сите избрани по партиски клуч од СДСМ. Петре Шилегов треба да излезе и да ја објасни потребата и неопходноста од вработување на овие 135 лица на определено време среде корона, среде рецесија и во услови кога 55 илјади лица ги загубија работните места претежно во приватниот сектор“, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче