(ВИДЕО) Арсовски до Шекеринска и Шапуриќ: Фатени сте живи и нема перење од овој скандал

Од:

„Молкот кај Шекеринска и нервозата и нетрпението кај Шапуриќ покажуваат дека се фатени живи како си префрлаат народни пари меѓусебе.

Господине Шапуриќ, ние ја разбираме вашата нервоза. Скандалот кој што излезе Ви ги помати пресметките за вашиот буџет и нас навистина ни е жал за тоа. Но, како министер кому работа му е да работи за подобрување на климата за домашните инвестиции, Вие никако не смеете да работите за подобрување на климата на буџетот на вашата невладина од која документите велат дека сте дел, а вие негирате“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој ли лаже? Официјалните документи или Вие?

Зоран Шапуриќ пред да се закануваш со тужби треба да одговорите сите инволвирани во скандалот на неколку прашања.

Конкретно ти:

Пред да се закануваш со тужби кон медиумите и ВМРО-ДПМНЕ, зошто не ја тужиш невладината „Мултикултура“ која наводно како што викаш го злоупотребила твоето име?

Господине Шапуриќ уште едно прашање треба да одговорите. Во демантот велите, цитирам: „Преку соопштение јавно укажав дека немам никакво влијание ниту интерес од активностите на доделување на финансиски средства од Министерството за култура, некои новинари и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ упорно го тврдат спротивното”.

Дали сакате јавно и транспарентно да ни укажете дека вашата невладина „Мултикултура“ добила средства и од министерството за култура?

Дали постои друг професор доктор на „Американ Колеџ“, Зоран Шапуриќ во Република Македонија или вие сте единствениот со ова име и презиме и оваа титула?

Радмила Шекеринска да одговори дали има донесено годишна програма за финансирање на невладини организации во министерството, како што налага законот за невладини организации?

НВО „Мултикултура“ да одговори, како се најде името на проф. Др. Зоран Шапуриќ на нивниот сајт и под чиј притисок се тргна од сајтот и документите на „Мултикултура“?

Фатени сте живи и нема перење од овој скандал.

Доблесно, морално, етички, транспарентно, човечки е да признаете и да си сносите одговорност. Најпрвин политичка одговорност, да си поднесете оставки, а потоа и правна.

Јавното обвинителство на волку повикувања од целата јавност па и од самиот инволвиран во скандалот Шапуриќ, треба уште веднаш да поведе постапка и да истера до крај.

Граѓаните чекаат одговори, но граѓаните чекаат и одговорност“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ