(ВИДЕО) Арсовски: Шахпаска си ги вработила својот зет и својата золва

Од:

„Власта е оперирана од срам и морал. Затоа Епидемијата на непотизам речиси и да нема функционер од власта што не го заразила.

Се пренесува само по роднини и тоа замислете строго кај функционери на СДСМ.

Нивните роднини на функционерите од СДСМ се луѓето кои се вработуваат за натпросечни плати како да нема други стотици илјади граѓани во државата кои што се без работа и бараат вработување“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес ќе ви презентираме нови жртви од Дизел вработувањето на власта.

Замислете, Јагода Шахпаска најверојатно советувана од нејзините колешките Мира Дизел, Милева и Тања Ковачев, си ги вработила својот зет и својата золва.

Јагода Шахпаска си ја вработила својата золва, односно сестрата на нејзиниот сопруг, Маја Двојаковска во општина Берово.

Очигледно на Шахпаска многу и била погодена золвата, па земала и го вработила својот зет, односно сопругот на золвата, Антонио Двојаковски во Македонски шуми по договор на дело. Најверојатно планот и бил да добие решение после изборите.

По примерот на Шахпаска во општина Берово и поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски си ја вработил својата прва братучедка Емилија.

Додека пак, Пеце Мирчевски, директорот на СОЗР си го вработил својот шура Тимчо Биљарски како инспектор во МВР точно на 31.12.2018 на нова година.

Нема што повеќе да се каже. Целата јавност го гледа лицемерието на СДСМ. Едно збореа пред изборите, друго сега прават.

Жалосно е што за сметка на функционерите на СДСМ и нивните роднини, останатите обични граѓани се принудени да си го бараат своето чаре надвор од државата.

Ова лудило мора да прекине, а најдобро ќе прекине само доколку СДСМ ги изгуби изборите.

Затоа, СДСМ мора да ги загуби овие изборите и граѓаните да се спасат од оваа зараза на непотизам која што ги фаќа единствено роднините на функционерите на СДСМ“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски