(ВИДЕО) Арсовски: Се уште без епилог од надлежните институции за скандалот со Фондот за иновации

Од:

Однародената и криминална власт безмилосно ја ограбува државата, а картелот на единствениот аболициран политичар во Европа, Зоран Заев продолжува да се богати на грбот на граѓаните, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во обраќање пред седиштето на владејачката СДСМ.

Како што рече тој, државата тоне по сите основи, а посебно по прашањата на владеење на правото и правната држава.

„Поминаа 4 месеци од скандалот во Фондот за иновации во кој што беше замешана пола Влада, а се уште нема никаков епилог од надлежните институции кои треба да ги проверат сериозните наводи за криминал и корупција кои што беа изнесени од наша страна и од страна на медиумите во јавноста. Очигледно заинтересираноста на Основното Јавно Обвинителство и полицијата за овој случај била колку да се замачкаат очи на граѓаните. Четири месеци по отворањето на случајот и наводното упаѓање на полицијата во Фондот за иновации се уште нема дадено никаков резултат и епилог“, истакна Арсовски.

Како што рече тој, таму каде што се работи за функционери на СДСМ, постои селективност на секој чекор.

„До каде е истрагата за евентуални сторени кривични дела од постапката за Јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст прв инвестициски бран? Има ли за Основното Јавно Обвинителство основа за кривично гонење, доделувањето на грант над 100.000 евра на фирмата во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев кој што е втор човек на Зоран Заев? Има ли за Основното Јавно Обвинителство нешто сомнително во доделувањето на грантови на фирмите на пратеникот Хари Локвенец, на снаата на Цветанка Ласкова и на останатите блиски луѓе до СДСМ? Дали за Основното Јавно Обвинителство е доволно тоа што евентуалниот криминал бил спречен само од бурната реакција на граѓаните и јавноста поводени од максимата „Ако крадецот биде фатен, фатен. Ако не доволно е само да не биде гонет“, јавно запраша портпаролот на опозициската партија.

Арсовски додаде дека ако Основното Јавно Обвинителство не се одважи сега и не се произнесе, ќе се произнесе во некој следен состав на Основното Јавно Обвинителство и некој нов Јавен Обвинител, кој, како што кажа, многу скоро ќе работи ослободен од канџите на криминалниот картел на власт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто