(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ пушти пајташи да ги следат, снимаат и документараат граѓаните на протестниот марш во Охрид

Од:

СДСМ е во паника. Гледаат дека народот не ја поддржува нивната антидржавна политика и тргувањето со националните интереси па ангажираат се што им стои на располагање за да ги заплашат граѓаните. Злоупотребуваат и институции и ресурси и закони. Вчера на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, пајташите на Владата на СДСМ и Зоран Заев што би рекле граѓаните беа пуштени на најјако. Алармот за страв во СДСМ од многу бројните граѓани кои го искажуваат своето демократско право на мирен протест се вклучи во СДСМ и на улица ги извади партиските пајташи на Заев да ги следат граѓаните кои протестираат, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Замислете во 21 век, СДСМ сака Република Македонија да ја врати 50 години назад. СДСМ сака со своите методи да не врати времето на едноумието на кое што истите тие се следбеници. Истиот ден кога Оливер Спасовски како прв човек на полицијата најавува дека ќе бидат апсени сите што ќе работат против СДСМ на референдумот, СДСМ ги пушта партиските пајташи да ги следат, снимаат и документираат сите граѓани кои се излезени на протест во Охрид, за потоа да можат да вршат разно разни притисоци.Овие лица што се сликани како ги фото и видео документираат граѓаните кои протестираат и може да се забележи дека се во директна комуникација и координација со командирот на полициската станица, Саше Дончески, рече Арсовски.

Тој праша дали лицата кои вчера го сликаа и снимаа протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ се Благојче Радески и Наум Баулоски, лица кои претходно работеле во агенција за обезбедување, а сега се ангажирани како резерва во Министерството за внатрешни работи?

– Која била вчера нивната задача? Дали тие се пратени на задача лично од Заев и Спасовски и по која основа се ангажирани истите лица? Кој член од законот или уставот забрануваат, протестно собирање на опозицијата и граѓаните? Дали третото лице кое исто така снима и видео документира е сестра на шефот на кабинет на градоначалникот Јован Стојаноски. Дали овие три лица се пратени директно од Заев и Оливер Спасовски да ги документираат граѓаните кои излегле да протестираат против власта за подоцна да можат да им вршат притисоци? Со ова, СДСМ само си го покажа лицето. Ниту се за демократија, ниту се за европски вредности. На СДСМ не им е важно што мислат граѓаните, единствено им е важно да ги исплатат фактурите кои ги должат, рече Арсовски.

Според него, со ваквото северно-корејско однесување, Македонија нема да стане европска.

– Со ваквото однесување на Заев и Спасовски Македонија се повеќе се оддалечува од европските стандарди. Господа од СДСМ, со ваквото северно-корејско однесување нема никого да заплашите само ќе го мотивирате народот уште погласно да ви каже збогум и да ве прати во политичката историја онаму каде што ви е местотот и тоа што побрзо. На крајот Македонија и граѓаните ќе победат, заврши Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен