(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ прави параполициска структура

Од:

„Зоран Заев и СДСМ си прават параполициска структура која ја водат личното обезбедување на Заев, вработени во шестата управа како и лица осудувани за криминал.

Агенцијата „Код Секјурити Груп“ ДОО Струмица е основана на 10 јули годинава од Александар Трајков, Николчо Колев и Стево Трајков од кои вториве двајца Николчо и Стево се сеуште вработени во МВР, а Александар Трајков е добро познатиот придружник на Зоран Заев како бодигард, како претходно така и сега кој што знаеме дека е вмешан во повеќе скандали наназад годиниве“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во редот на основачите е и извесен Лазо Котуровиќ, кој претходно бил дел од личното обезбедување на Зоран Заев како градоначалник на Струмица, а за него во МВР може да се види дека е неколкукратен сторител на кривични дела како насилство, напад врз службено лице и други кривични дејаниа.

Ги прашуваме Зоран Заев и Оливер Спасовски, како е можно МВР да издаде дозвола за основање на агенција за обезбедување на лица вработени во МВР, како и лица против кои неколку пати била покренувана кривична пријава?

За која намена е основана оваа агенција за обезбедување? Дали оваа агенција за обезбедување има намера да го зголеми криминалот по улиците каде што изминативе година дена се случуваат нерасчистени убиства на секој чекор? И никој не одговара за нив.

Кои се намерите и кои професионални обврски ги исполнува оваа агенција за обезбедување на СДСМ?

Во член 2 од Правилникот за МВР стои дека полицискиот службеник не треба да ги врши следните работи и дејности, кои се во судир со полициските работи, што е потенцирано во алинеите 3, 5, 10 и 15 односно работи од областа на осигурувањето, работи од областа на обезбедувањето на лица и имот, дејности поврзани со ракување со оружје и експлозивни материи и работи и дејности кои можат да го нарушат угледот на Министерството за внатрешни работи.

Ова е спротивно на Правилникот за работење на работите и дејностите што се во судир со полициските работи.

Исто така Законот за приватно обезбедување вели дека лиценца не може да добие лице кое е осудено со правосилна судска пресуда или против него се води кривична постапка за кривично дело за кое се гони по службена должност.

Вакво лице е лицето Лазо Котуровиќ кој е еден од основачите, а за кој можеме многу работи да најдеме низ медиумите, нормално не позитивни.

Ова е втор обид за правење параполициска структура од страна на Заев и Оливер која треба да биде дел од подземјето и да врши рекет, уцени, закани, како и политички притисоци со цел доведување на политички резултати во корист на СДСМ.

Изминатиот период во кампања за референдумот во Струмица можеа да се забележат лица кои парадираа низ Струмица со маички на кои е логото од „Код Секјурити Груп“ агенцијата за обезбедување, како и постираа слики и постови на социјалните мрежи, од агенцијата за обезбедување блиска до Заеви и Оливер.

Неофицијалните информации говорат дека зад целата банда на „Код Секјурити Груп“ стои братот на Зоран Заев, Вице Заев, кој треба да раководи со агенцијата и да ја контролира.

Граѓаните се загрижени за својата безбедност.

Заев и Оливер еден ден ќе одговараат за сите овие постапки“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците