(ВИДЕО) Арсовски: Поднесуваме претставка до ДКСК за фирмата Бригада Дизајн на советникот од СДСМ во Град Скопје

Од:

„Денеска сме пред Антикорупциската комисија и ќе поднесеме до истата Државната комисија за спречување корупција претставка за фирмата Бригада Дизајн ДООЕЛ Скопје, чиј директор и еден од сопствениците е Бојан Ивановиќ, советник од редовите на СДСМ во Град Скопје.

Фирмата на Бојан Ивановиќ, советникот и членот на СДСМ земала тендери од Фондот за иновации и Регулаторната комисија во висина од над 10 милиони денари, а јасно е каде е сомнежот и тоа веќе неколку денови го говориме, а од СДСМ и од власта има единствено молк“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Најпрвин првите лица на институциите од каде ги земал тендерите се негови партиски другари односно сопартијци од СДСМ и Директорите на Фондот за иновации но и Марко Бислимовски кој е претседател на Регулаторната комисија за енергетика, а потоа имавме едно признание од актуелниот директор на Фондот за иновации Коста Петров дека практично не ги користи услугите на агенциите кои земале тендер во Фондот за иновации за маркетинг услуги, ами работи со сопствена продукција, што уште еднаш покажува дека фирмата на Советникот од редовите на СДСМ никој не знае што сработела во Фондот за иновации каде што земала во изминатите години неколку поединечни тендери во висина од над 1 милион денари или последниот тендер за кој што сите можеа да чујат и да видат во висина од 11.8 милиони денари.

Дополнително, бараме Антикорупциската комисија да се разбуди од зимскиот сон и да почне да работи, да не чека дозвола ниту од Љупчо Николовски, ниту од Зоран Заев, бидејќи би сакал уште еднаш да ги потсетам антикорупционерите, нивната претседателка дека се независно тело, а не тело кое треба да ги команда владата како што впрочем гледаме дека за жал сега се случува тоа и да отворат случај да ги истражат овие сомнителни тендери за кои што говориме неколку дена а има класичен молк кој што најверојатно значи потврда дека се фатени живи во сомнителен криминален тендер СДСМ.

Во спротивно, уште еднаш антикорупционерите ќе покажат и докажат дека само се партиски привезоци на СДСМ и на власта и соучесници во криминалот на власта додека истата оваа власт предводена од СДСМ им ги крадат парите на граѓаните.

Одговорност мора да има, а доколку антикорупционерите и понатаму спијат одговорност ќе сносат и тие“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски