(ВИДЕО) Арсовски: Оставката на Бухова не е доволна, потребна е одговорност за незаконитото работење

Од:

Повторно молк од институциите во врска со незаконитото работење на Ирина Бухова. Како функционер на власта на СДСМ, Бухова е врзана со низа скандали, при што на обзнанување на последниот за очната болница, си даде оставка за која вели дека ја планирала од поодамна. Оставката на Бухова е врзана со последниот скандал за кој не спречила диво работење на приватна очна болница во центарот на Скопје, за која нејзината институција издала решение за забрана за вршење оперативни зафати на Промедика офталмологија, а Бухова продолжила одреден период да ги штити, изјави денес Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа, не е доволно само да си поднесе оставка. Мора да се отвори случај, да се утврдат фактите и да сноси секаква одговорност. Министерството за здравство да не молчи повеќе, туку да го испита случајот, бидејќи вака е практично соучесник.

Оваа власт предводена од СДСМ од здравствениот систем направи вистински кошмар. Материјалниот и било каков друг интерес на функционерите кои ги раководат институциите во здравството им се далеку поважни од здравјето на граѓаните и непречено функционирање на системот.

Оставката на Бухова не значи дека ќе избега од одговорност. Одговорност мора да има за секој кој се огрешил пред законот. Доколку институциите како Министерството за здравство и останатите кои што треба да го испитат случајот се уште молчат, тоа значи дека и тие истите се соучесници – нагласи Арсовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?