(ВИДЕО) Арсовски: Од извештаите на надзорната фирма се гледа дека на 20 август водоводот на ,,Варшавска” бил завршен

Од:

„Огромен скандал го тресе Град Скопје и ЈП Водовод и канализација и нивните челни лица Шилегов и Весковски, а институциите трет ден молчат. Завчера самото ЈП Водовод призна дека сторило кривично дело и дека најпрвин се реализирала реконструкцијата на улица „Варшавска“, па дури потоа на први октомври согласно документите кои што тие ги испратија како демант , а всушност признаа вина е избрана фирма изведувач која што ја работела всушност реконструкцијата претходно. Вчера презентиравме докази во јавноста дека тендерот за реконструкција на водоводната мрежа на ул. „Варшавска“ е наместен, денес ќе презентираме во продолжение на уште докази“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во продолжение на вчерашниот доказ дека на барање за надзор за изградба од 24-ти јули 2020 година, каде што јасно пишуваше дека изведувач на работите ќе биде фирмата КОДИНГ 2 ДООЕЛ Скопје, денеска ќе презентираме документ, извештај од надзорот на Водовод за објектот „Варшавска“.

Имено, јасно пишува на извештајот дека инвеститор е ЈП Водовод и канализација, а изведувач е КОДИНГ. На истиот документ јасно пишува од страна на надзорот, дека на 12-ти август изведувач е КОДИНГ и веќе на тој истиот датум е стигнато и изведено до точка 18 согласно планот за активности. Она што е уште поголем доказ дека фирмата работи без тендер е тоа што јасно надзорот посочува, потенцира и пишува дека нема договор со изведувачот. Надзорот исто така наведува дека на 20-ти август водоводот се завршува и потоа отпочнала со реконструкција на канализационата мрежа.

Ова е прилично сериозен доказ, кој што верувам дека ќе се обидат да го објаснат и институциите, но и ЈП Водовод. Уште еден доказ дека без тендер е работено на ул. „Варшавска“, реконструкцијата на водоводната мрежа е покренатата дисциплинска постапка против работници кои се фатени на 20-ти август како не се на своето работно место, односно истите се седнати во кафеана. Истата дисциплинска постапка е реализирана и работникот кој што е фатен што не е на своето работно место, односно кај што се реконструира ул. „Варшавска“ на 20-ти август, е казнет од страна на директорот на ЈП Водовод со 20% казна на плата еден месец. Ова е и можеби најголемиот апсурд во целиот овој случај каде што е казнет работник на ЈП Водовод од страна на директорот со 20% на плата еден месец, за работа односно на работно место каде што бил, каде што се реконструирала мрежа, а немало ниту избор на најповолен понудувач односно немало тендер.

На крајот од оваа прес конференција, да се навратиме на суштината, односно на главната суштинска тема, а тоа е прекршување на Законот односно кривичното дело согласно член 353, каде што двоецот Шилегов – Весковски наместиле тендер за фирмата КБК Инженеринг и КОДИНГ.

Бидејќи институциите спијат, ние целокупната документација која ја објавувавме на прес конференции овие денови, но и онаа која што не ни е објавена, а има прилично обемна документација, заедно со кривичната пријава која што веќе е подготвена од страна на правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја поднесеме утре до јавното обвинителство во име на ВМРО-ДПМНЕ, односно до секторот за организиран криминал“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Поради итен дефект, утре делови од Скопје ќе се без вода

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ