(ВИДЕО) Арсовски: Нов договор помеѓу РЕК Битола и СВ Инвест за ископ на јаловина во Суводол

Од:

„Сомнителното работење на СДСМ и на оваа влада нема крај. Нов ден, нов скандал во РЕК Битола.

Денес објавуваме нов договор во 4 очи помеѓу РЕК Битола и СВ Инвест, договор за ископ на јаловина во Суводол. Тендер вреден 49 милиони денари, исто така 800.000 евра како вчерашниот склучен пред нова година.

Исто така по некоја случајност РЕК Битола неосновано и го раскинува договорот на фирма која работи со години претходно и новиот договор го добива фамозната фирмата СВ Инвест, која притоа немала ниту сопствена механизација, ниту пак искуство, ниту пак техничка стручна поддршка од кадар“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сето ова, фирмата СВ Инвест го изнајмува од други фирми кои што ги ангажира со механизација, со транспортни камиони, со работници и со се останато. Се она што им е практично потребно за ископ на јаловина од рудникот Суводол СВ Инвест го измајмува од други фими односно подизведувачи.

Значи да сумираме, фирма без механизација, без багери, без транспортни камиони, без работници, добива тендер од 49 милиони денари, потенцирам договорен во 4 очи помеѓу РЕК Битола и СВ Инвест, за сметка на сериозни компании кои што имаат долгогодишно искуство, а им е раскинат договорот неосновано.

Прашуваме,Зошто е раскинат договорот на претходната фирма и според кои критериуми токму фирмата СВ Инвест го добива милионскиот тендер во 4 очи?

Дали можеби тука некој извршил влијание токму фирмата СВ Инвест да ги добива сите милионски тендери во РЕК Битола?

Очигледно е дека единствен критериум да се добие тендер во РЕК Битола е да бидеш поврзуван и да бидиш во блиски релации со картелот на власт.

Ова е начинот на работа на СДСМ, на Заеви, на криминалниот картел и на власта. Сомнеж за криминал и ништо друго. Личен интерес и личен профит единствено на конто на фамилијата.

Го охрабруваме јавното обвинителство да ги истражи сите овие случаеви и да поведе соодветни постапки.

Бидејќи за ова и за сите други потенцијални криминални дејанија сите ќе сносат одговорнос еден ден и ќе одговараат“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он